Skip to main content

Во Охрид не е регистриран случај на Хив Сида

Оваа година, за среќа, за Охрид ќе протече без нити еден  евидентиран случај на Хив/Сида.

 |  Валентина Неловска  | 
црвен крст
црвен крст

Оваа година, за среќа, за Охрид ќе протече без нити еден евидентиран случај на Хив/Сида. Во земјава пак,  бројот на ново регистрирани случаи е 20 заболени, од кои 13 се Хив позитивни и 7 случаи отпаѓаат на заболени од Сида. Најмногу регистриарни има на возраст од 30 до 39 години 8 случаи, 6 случаи се на возраст од 40 до 49  и 5-мина случаи се на возраст од 20 до 29 години. Меѓу заболените се 15 мажи и 5 жени, а за жал има и едно дете на 6 години каде што преносител била мајката. Последните 2 случаи во Охрид се откриени во 2007 година. Од почетокот на Хив /сида епидемијата до денес во Охрид  починале 5-мина заболени од сида, кажува д-р Јованка Стурлакова Коровешовска од Центарот за јавно здравје. Епидемилогот открива дека поголемиот број позитивни случаи се откриени  случајно преку доброволно-доверливи тестови со теренско возило.
хив
Со бројни активности во Охрид утре ќе се одбележи светската недела за борба против Хив/Сидата. Покрај  Цврен крст и Центарот за јавно здравје во активностите ќе се приклучат и од НВО „Опција“. Социјалниот работник од „Опција“, Јулијана Настоска  потенцира дека најризичната категорија која е на удар на Хив/Сидата  сексуалните работници и зависниците од дроги се мошне претпазливи за своето здравје и нивната свест е на високо ниво. Често пати иницијативта за тестирање е од нивна страна.
Утре, на 1 декември на светскиот ден за борба против ХИВ/Сидата, волонтерите на Црвен крст Охрид ќе поделат над 2000 кондоми и едукативен материјал.  Покрај овие активности ќе има и бесплатно тестирање  за граѓаните, нагласува  Марјан Божиновски, волонтер на ОО на Црвен крст.

„ Возилото ќе е на терен и граѓаните над 18 години може да  направат доверливи, анонимни тестирање за да го дознаат својот Хив статус“, велИ Божиновски.

Типизирани предавања за заштита од Хив/Сидата  ќе се одржат во охридските основни и  средни училишта и на факултетот за туризам и угостителство. На 3 и 4 декември во дневниот центар на Опција ќе се одржат прилагодени предавања за сексуланите   работници и за корисниците од дроги.

{loadpostion content9}