Skip to main content

Безбедни училишта

Основните и средните училишта во градов ќе ги обезбедуваат Агенции. За тоа општината веќе има предвидено и средства. Во тек е постапката за избор на Агенција за обезбедување, велат надлежните од охридската Локална самоуправа.

 |  Николоска Биљана  | 
gimnazija
гимназија

Ќе се подигнува нивото на безбедност во охридските образовни институции. Оваа најава доаѓа од раководителот на одделението за образование при локалната, Серафим Наумоски. Тој нагласи дека дека во тек е постапката за избор на Агенција за обезбедување, чии што ангажман ќе биде платен со буџетски средства на општината предвидени за тоа. Наумоски потенцира како во моментов е организирано обезбедувањето од нивна страна во училиштата.

„Одреден број на училишта имаат обезбедување односно видео надзор, кај одредени училишта немаме, меѓутоа општината чинеше напори во текот на вечерните часови имавме ангажирано чуврски  служби во одредени училишта кои допринесуваат во делот на обезбедување на училиштата“ -вели Наумоски.

sareПознато е дека и установите од предучилишна возраст не се имуни на криминалците. Не ретко слушаме дека во градинките се краде, посебно во вечерните часови. Наумоски признава дека тоа е така и смета дека и таму во одреден период се наметнува потреба од агенциско обезбедување.

„Во градинките не сме имале, меѓутоа ќе чиниме напори во месец декември пред новогодишните празници кога има поголема фрекфенцијада обезбедиме агенциско осигурување“ -рече Наумоски.

Инаку решението со ангажирање агенции за обезбедување е само дополнителна мерка. За безбедноста и мирот во образовните центри се грижи СВР Охрид. Податоците кои неодамна ги изнесе Секторот,  зборуваат дека годинава намалени се инцидентит во училиштата во општинава. Според портпаролот Стефан Димоски, од нивна страна било интервенирано само по однос на три инциденти, но секако дека тука треба да се напоменат и нивните едукативни предавања во охридските училишта, кои според Димоски ги дадоа очекуваните резултати, да се намали насилството и сите останати негативни дејства во училиштата.

{loadposition content9}