Граѓанските организации учеа како да лобираат кај властите
Оваа обука е дел од програмата за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во земјава.
Напредните граѓански организации кои делуваат на национално ниво, денес учеа како да лобираат кај властите за да добиваат поддршка за нивните проекти. Оваа обука е дел од TACSO програмата за јакнење на капацитетите на граѓанските организации. Обуката има за цел да им ги посочи на граѓанските организации сите алатки и методи кои им стојат на располагање за поуспешно и поконкретно лобирање кај властите било локални или национални.
„Ние имавме отворен повик на кој што отворен повик, во три групи на организации, и тоа локални организации, кои делуваат на рурално ниво, организации кои се напредни, како овие денес, и организации кои што се млади, всушност добиваат подршка која е конкретно креирана врз носнова на нивните потреби и приоритети. Интересот од страна на граѓанските организации беше огромен и голем број на организации се пријавија. Во однос на нивната заинтересираност сакам да кажам дека е на високо ниво, што е особено важно за овој процес да биде максимално позитивен и успешен.“-рече м-р Мирјана Пехчевска Поп-Илиев-проектен специјалист во TACSO.
Консултантот во TACSO, Зоран Стојановски вели дека граѓанските организации се врската помеѓу политичарите и граѓаните и оние кои ги потсетуваат политичарите за проблемите на старите, децата, хендикепираните, но додава дека не е доволно само да сакате нешто да подобрите и смените, туку и активно да работите на тоа, да анализирате, да изработите квалитетен проект и секако да лобирате до властите, што не секогаш е лесна задача.
„Понекогаш дадени предлози што доаѓаат од невладините организации поминуваат, многу често не поминуваат, но тоа е понекогаш и целата поента. Да има дискусија и да се избере закон, стратегија, правило, кое е најдобро и е избрано врз основа на демократска расправа. Дали е тешко? Да, тешко е. Но понекогаш баш тоа и го зборувавме сега, не знаете кога. Понекогаш ако немате добра анализа, навистина може да биде тешко, понекогаш ако имате анализа, ако видите кои институции или структури на власта би биле заинтересирани за дадена тематика, без проблем поминува, зборувам ако тоа што го предлагате навистина е во рамките на она што е програма на влада, она што се приоритети на влада.“-вели консултантот во TACSO, Зоран Стојановски.
Инаку програмата на TACSO за јакнење на капацитетите на граѓанските организации се спроведува уште од месец Мај оваа година, а се очекува да заврши на крајот од годинава.
{loadposition content9}