Запален оџак опожари семејна куќа во Радојца Новичиќ
Во населбата Радојца Новичиќ, на улицата 130 бр. 16 утрово се запали семејна куќа.
Во населбата Радојца Новичиќ, на улицата 130 бр. 16 утрово се запали семејна куќа. Соседите во 8 .40 минути во охридкста пожарна пријавиле пожар на оџак во соседството. Пожарот го зафатил кровот и горниот кат од семејна куќа и направил огромна материјална штета. По дојавата веднаш било испратено навално противпожарно возило кое пристигнало на местото на пожарот, а со оглед на големината на стихијата во гаснењето биле вклучени и останатите 4 противпожарни возила, информира командирот на противпожарната единица Спасе Прентоски.
„По првичната дојава на пожарот целокупното интервентно одделение од 10 пожарникари замина на лице место. Извршена е мобилизација на ППЕ по распоредот за мобилизација за поставување на дежурна смена. Од мобилизираните работници се испратени уште 6 -7 пожарникари. Пожарот е ликвидиран и локализиран, но за жал материјалната штета на објектот е голема“, кажува Прентоски.
Во Охрид за една недела ова е втор голем пожар на семејна куќа. Командирот Прентоски апелира до граѓаните да внимаваат да ги чистат оџаците.
„Во зимскиот период , согорувањето во оџакот, односот меѓу надворешниот и внатрешниот притисок е огромна разлика. Тежнеењето на топлиот воздух низ каналот на оџакот допринесува поголемо струење на топлиот воздух и ако не се ичистени грејните тела, оџаците и ќумците од саѓите кои се натоложиле од грејната сезона доаѓа до палење. Друга причина е неосодветинот или соодветниот градежен материјал на кровната или меѓу кровната конструкција кој е лесно запалив и може да доведе до катастрофа како оваа денес и онаа мината недела во населбата Варош“, објаснува Прентоски.
Од противпожарната единица апелираат дека никогаш не е доцна граѓаните кои се греат на огревно дрво да ги исчистат добро оџаците. Прентоски предупредува дека покрај оџаците еднаш во месецот задолжително треба да се чистат од саѓи ќумците, како и внатрешниот канал на оџакот и внатрешните делови од грејните тела. Само така веројатноста дека оџакот ќе биде запален и ќе предизвика слични катастрофи ќе биде многу помала, укажува Прентоски.
{loadposition content9}