Skip to main content

Градоначалниците ги сумираа резулатите од досегашната работа

Зелс или Асоцијацијата на локалните власти, која како институција ги штити интересите на општините го одржа последното, генерално собрание во овој состав на градоначалници.

 |  Валентина Неловска  | 
zels
zels

Зелс или Асоцијацијата на локалните власти, која како институција ги штити интересите на општините го одржа последното, генерално собрание во овој состав на градоначалници.  За тоа како протече четригодишниот период од работата  на Зелс , мислењата се поделени. За претседателот на ЗЕЛС, скопскиот градоналалник Коце Трајановски, во овој период се постигнати значајни придобивки во интерес на општините. Законот за управување со градежното земјиште, законот за легализација на дивоградбите, зголемувањето на  стапката на ДДВ-то и персоналниот данок, како и   обезбедувањето на безплатните софтвери за повеќе области, тренинг центарот за обука на админситарцијата се дел од големите достигнувања на Зелс, смета Трајановски. Зошто државата има отпор да ги предаде некои од надлежностите на општините, Трајановски има свое мислење. Претседателот на Зелс  ја оправдува постапката на државата. Општините, пред 5 години  немаа стручни лица од областа на јавните набавки, финансиери и ревизори. Државата тешко ги пушта надлежностите, но и ние како општини треба да  ги убедиме дека имаме капацитет како  најдобро да ги водиме,  вели Трајановски.
zels
„За да бараш нешто треба да покажеш дека можеш да го извршиш во пракса. Ние сметаме дека во Зелс сега има напредок во тој смер“, категоричен е Трајановски.

Зоран Заев, струмичкиот градоначалник ја поздравува децентрализацијата на управувањето со државното градежно земјиште, но како најкруционално барање го посочува тоа што државата не дава да се зголеми персоналниот данок. Никаде нема земја каде персоналниот данок  е помал од 30 посто, додека оваа ставка кај нас е сеуште 3 посто, вели Заев. Крајна цел на децентрализацијата на надлежностите на Локалните  самоуправи е да бидат приближни со оние на европските Локални самоуправи, смета Заев. Многу малку е направено од она што тој лично го очекувал од досегашната работа на Зелс. Тоа е мој личен став, а не заради тоа што сум од опозиција, кажува градоначалникот.

„Градоначалниците се од иста владеачка партија и имаат мала можност да се спротистават на битката помеѓу локалната и централната власт во борбата на интереси. Не значи дека немало резултати туку можело повеќе ама не се постигнале“.  

На денешното 6-то генерално собрание,  учествуваа над 50-тина градоначалници. Меѓу градоначалниците кои не присуствуваа на работата беше и струшкиот градоначлник Рамиз Мерко. Охридскиот градоначалник пак на работниот состанок се приклучи подоцна заради активностите  поврзани со одбележување на патронатот Св. Климент Охридски.
{loadposition content9}