Градоначалникот со порака за пријателство, соработка и културен натпревар меѓу државите
Шест делегации од градови пријатели на Охрид засадија дрвца во паркот на пријателството кој денес беше свечено пуштен во употреба.
Шест делегации од градови пријатели на Охрид засадија дрвца во паркот на пријателството кој денес беше свечено пуштен во употреба. Паркот се протега покрај пешачката патека која води од мостот кон Горица. Идејата за еден ваков симболичен простор е на охридскиот градоначалник Александар Петрески кој го следи примерот на збратимениот град Трогир. Денес, кога Охрид го одбележува Свети Климент големиот хуманист и заштитник на градот, од паркот на пријателството беше испратена една многу значајна порака.
„ Oд Свети Климент преку нас до Европа порачуваме дека пријателството, соработката и културниот натпревар помеѓу државите е најважната работа што треба да ја правиме. На сите нас народи кои живееме на овие простори местото ние во Европкската унија“.
Охрид е збратимен со 15 градови од Европа,Кина, Канада Австралија. Денес на одбележувањето на патронатот на градот беа присутни преставници од Србија, Хрватска, Турција, Бугарија, Словенија и Албанија. Делегациите засадија дрвца во знак на пријателство и добра соработка. Рајко Фајт , советник од Птуј, Словенија, гледа со симпатии на денешниот настан. Ваков обичај има и во нашиот град и се засадува липа тоа е добар начин за продлабочување на понатамошната соработка меѓу двата градови, вели Фајт.
„Тоа е почеток на нешто што се развива и расте. Оние кои ќе останат зад нас ќе може да видат дека нешто почнало. Ова е убав гест и благодарност на сите за гостопримството и топлиот пречек. Иако надвор не е топло, во срцата ни е топло“, кажува птујскиот советник.
Паркот на пријателството се протега на околу 5000 метри квадратни има клупи за одмор и патека за пешаци. Дополнително ќе се доуредат уште 5000 метри квадратни кои ќе имаат спортски и рекреативни содржини.
{loadposition content9}