ЕП за македонско малцинство во соседството
Македонското малцинство и неговите права во соседството се предмет на најновата студија на Европскиот парламент (ЕП) за положбата на малцинствата на Западен Балкан.
Евро парламент

Во студијата, која содржи обемни податоци за правата на малцинствата во Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина (БиХ), Албанија и на Косово, прецизно се наведува постоење на Македонци.
Студијата на Европскиот парламент, меѓутоа, не содржи податоци за положбата и правата на македонското малцинство во Бугарија и Грција, каде Македонците се оспоруваат или не се признаваат.
Во студијата, во делот за Албанија се наведува дека “Грците се најголемо малцинство, по што следат помали групи на Македонци и Црногорци“. Во документот се прави јасна разлика меѓу македонско и грчко малцинство.
Притоа се посочува дека изборната легислатива во Албанија овозможува “грчкото и македонското малцинство да партиципираат преку свои, одделни партии“ во изборниот процес.
Документот, во делот за Србија, укажува и на разликите меѓу Српската православна црква и други “непризнаени цркви“.
“Постојат значителни интер-религиозни тензии меѓу Српската православна црква и други ‘непризнаени’ православни цркви, како што се Романската и Македонската“, се наведува во документот.
Студијата, во делот за Македонија, најголеми забелешки упатува за статусот и правата на Ромите. Притоа, државата и граѓаните од македонска националност се именуваат како Македонија и Македонци, кои користат македонски јазик.
Исклучок е делот во законската регулатива, при што, во цитат се наведуваат членови од Уставот со именување на јазикот како “ФИРОМакедонски“.
Студијата што ја подготвија експерти за потребите на Поткомитетот за човекови права на Европскиот Парламент, е основа за дебатата за состојбата во државите од Западен Балкан, што се планира наредниот месец.

{loadposition content9}