Skip to main content

„Градоначалникот Којчиноски недомаќински работи“, обвинува ОК на Вмро Дпмне од Дебрца

Од ОК на Вмро Дпмне од Дебрца се упатуваат  критики за несовесно и недомаќинско работење во изминативе години на градоначалникот на Општина Дебрца,  Љупчо Којчиноски.

 |  Валентина Неловска  | 
Дебрца
Дебрца

Од ОК на Вмро Дпмне од Дебрца се упатуваат  критики за несовесно и недомаќинско работење во изминативе години на градоначалникот на Општина Дебрца,  Љупчо Којчиноски. За обвинувањата  упатени на адреса  на актуелниот градоначалник, претседателoт на ОК Игор Трајкоски се повикува на  раководењето со буџетот на Општина Дебрца, на неговата приходна и расходна страна.  Во  општина Дебрца не се спровеле или многу малку се направило од ветеното за подобрување на инфраструктурата, укажува Трајкоски. Нема јавно осветлување, изградба на системи за водоснабдување, систем за одведување и прочистување на отпадни води, одржување на паркови и зеленило.

Белчишта„ Оттука логично е да се постави прашањето: за што  се трошат парите на граѓаните кога според извештајот од буџетот фигурираат следниве податоци :
За јавно осветлување биле планирани 4 840 000 денари, а остварени се само 2 439 920 денари;
За систем за одведување и пречистување на  отпадни води биле планирани 2 000 000 денари,  а остварени само 182 065 денари или пак
За изградба на јавно осветлување 200 000 денари, а остварени само 8 850 денари“, прашува Трајкоски.

Селото Ботун остана без рексонструкција на каптажа и водоводна мрежа, а со ваков сличен проблем се судруваат и останатите села од општина Дебрца, рече на денешната прес конференција, претседателот на ОК на Вмро Дпмне,  Игор Трајкоски.
„ Како пример за несовесно и недомаќинско работење на градоначалникот Којчиноски и неговиот тим  е и даденото  ветувањето во нивната општинска  програма за 2012 година кон жителите на  Општина Дебрца за изградба на резервоар за водоснабдување во селото Издеглавје, а сведоци сме дека ова ветување до ден денес не е остварено. Исто така, во Програмата беше ветено каптажа и доводен цевковод за село Климештани и тоа не е остварено“, истакна претседателот на ОК на Вмро Дпмне за Дебрца.

Трајковски го наведе и проблемот со депонирање на комуналниот отпад во оваа општина. Отпадот се пали и несоодветно се одлага, констатира Трајкоски. Ваквиот деструктивен однос на Којчиноски кон Општина Дебарца е сигурен знак дека ВМРО ДПМНЕ од 2013 година ќе започне нова ера со раководење на Општина Дебрца, кажа  Трајкоски. Тој најави спроведување и реализација на сите проекти за граѓаните на општината на чело со новиот градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

{loadposition content9}