Skip to main content

Охридските спасувачи на планина немаат опрема

Охридските спасувачи на планина немаат опрема за да ги спроведуваат своите акции. Тие бараат институциите посериозно да се позанимаваат со овој проблем бидејќи зимата штотуку започна, а предизвиците допрва доаѓаат.

 |  Јаковлева Лионела  | 
planina
планина

 

Ентузијазмот, добрата воља и нешто малку опрема е она со кое располага охридската екипа за спасување на планина. Во овие зимски услови помошта на оваа екипа на многу граѓани, а особено на оние кои живеат во планинските предели може да им биде неопходна, но ретко кој ја сфаќа сериозноста од нејзиното постоење, вели Антонио Додевски, секретарот во охридскиот Црвен крст.galicica

Опремата со која располага оваа единица 70% е лична, а само 30% црвениот крст ја обезбедил преку  донации и нивни партнери како што е Црвениот крст од Германија и операцијата Флоријан од Англија. Додевски вели дека најголем проблем им преставува што немаат теренско возило па мораат да позајмуваат од останатите институции, а со тоа губат драгоцено време. Тој објаснува дека при некои операции и минутите се важни.

Зимата штотуку започна и предизвиците допрва доаѓаат, вели Додевски. Ланската година имале неколку поголеми акции од кои едната во селото Модрич каде со денови било завеано едно семејство со повозрасни луѓе. Додевски апелира до сите институции посериозно да се заложат за доопремување на оваа екипа бидејќи кога станува збор за човечки животи не смее да се калкулира туку веднаш да се делува.

{loadposition content9}