Skip to main content

Европското првенство во ракомет, ќе го следат само оние со подлабок џеп

Охриѓани сметаат дека цената на влезниците за ова првенство ги надминува границите на нормалното.

 |  Златко Китановски  | 
rakometarki
ракометарки
Охриѓани сметаат дека цената на влезниците за ова првенство ги надминува границите на нормалното.

Започна одбројувањето за Европското првенство во ракомет кое за еден месец ќе се одржи во Скопје и Охрид. Во ЈПБИ и Локалната самоуправа на големо се работи за да се средат последните ситници кои ЕХФ ги постави како критериум. Но Охридската јавност ја мачи еден проблем – кој и како ќе стигне до влезница за да ги следи натпреварите во живо, бидејќи цената на еднодневна влезница ќе чини од 15 до 25 евра. За охриѓани ова е далеку повисока цена од таа што тие ја очекувале.

sportska salaСамо за потсетување во Охрид ќе се играат две групи од ова првенство додека другите две се играат во Скопје. Во групите Б и Ц кои се играат во Охрид се репрезентациите на Норвешка,Португалија, Шпанија и Украина кои играат во групата Б, како и Русија, Шведска, Австрија и Белорусија кои се наоѓаат во гупата Ц. Охриѓани сметаат дека токму заради репрезентациите на Норвешка и Шведска цените на картите се толку високи, бидејќи каде и да играат нивната публика ги бодри во голем број. Истото го најави и Градоначалникот Петрески кој очекува да има голем број на навивачи од овие две земји, исто така тој смета дека цените на картите не се толку високи бидејќи сепак се работи за првенство на кое ќе има публика од цела Европа.

За оние граѓани кои нема да можат да одвојат од својот џеп за да ги следат натпреварите на ЕП, ЈПБИ и Локалната самоуправа ќе доделуваат влезници. Најавено е дека секој ден ќе се доделуваат по 10 влезници за граѓаните кои ќе бидат дел од наградната игра која ќе започне заедно со првенството. Билетите ќе се доделуваат по точен одговор на прашања поврзани со Европскиот и Македонскиотот ракомет.

 

{loadposition content9}