Локалната без греење
Локалната самоуправа во Охрид остана без греење. Причина, Министерствата на државните подрачните единици не го почитуваат меѓусебнит договор со охридската локална.
Познато е дека Локалната самоуправа и подрачните единици на министерствата користат иста зграда. Според општинскиот гласноговорник Симон Илиевски во однос со обезбедување на нафтени деривати за време на грејната сезона постоел меѓусебен договор меѓу Локалната и државните подрачни единици, за тоа со која динамика треба да се финансира обезбредувањето со нафта, кој колку троши според квадратурата на работната површина со која располагаат. Договорот не бил испочитуван бидејќи министерствата до сега не си ја исполниле својата обврска поради која не само локалците туку и нивните службеници мрзнат, нагласува Илиевски. Поголемиот дел на министерствата и минатата година немале платено за нафта така што теретот бил на локланата, додава тој. Илиески вели дека имало некакава најава оти во текот на денешниот ден проблемот ќе биде решен, но досега не било постапено согласно договорот. Неофицијално само П.Е. Катастар имал обезбедено една третина од резервоарот што е доволно за пет дена.
{loadposition content9}