Охрид ќе добие најсовремена болница
Охрид ќе добие најмодерна болница ,не само во Македонија туку и пошироко.
Во ова се уверивме лично кога на наше барање со цел да видиме како течат градежните активности, со директорот на општата болница д-р. Љубен Арнаудов и претставник на фирмата изведувач направивме обиколка на новиот објект. Објектот кој започна да се гради пед 8 месеци е во завршна фаза, а за скоро време треба да се донесе мебелот и медицинската опрема. „Добивме многу повеќе отколку што очекуваваме“, вели директорот на општата болница Арнаудов.
„Добивме болница по европски стандарди кои во 2015 год. Ќе стапат на сила во Европа, а ние ќе ги имаме во 2013 год. Самото земење на тој гранд кредитен, ние си земавме и обрска по некои светски норми да работиме. Неможевме да избираме поевтини матријали тку ги избиравме оние медицински кои одговараат на денешницата. Конкретно беше за вратите со побарувањата на цени и асортиман, во македонија не се најдоа форми коа тоа го исполнија, па вратите се носеа од Хрватска, словенија, Шпанија“, вели д-р.Љубен Арнаудов – директор општа болница Охрид.
Матријалот кој го користи инветиторот е од познати Европски фирми кои произведуваат медицинска опрема. Градежниот дел на објектот беше одново проектиран со тоа што беа запазени сите Европски стандарди. Дознаваме дека охридката болница ќе добие и најсовремена медицинска опрема произведена 2012/2013 год. Во болницата ќе се работи според едношалтерски систем, што значи дека пациентите повеќе нема да шетаат од шалтер до шалтер. Арнаудов вели дека со електронската здравствена картичка пацинтот доаѓа на шалтер и откако ќе му се пружат сите здравствени услуги, ќе си оди на истиот шалтер. Нема повеќе трчање по документи“, категоричен е Арнаудов. Директорот додава дека информатичкиот дел, вентилацијата, струјата се поставени на највискоко ниво.
При прошетката по објектот ни беа презентирани и Собите за интензивна нега. Тие ќе бидат во стакло, со цел персоналот да биде во најблизок контакт со пацинтите. Со ова повеќе нема да се случуваат немили настани кога пацинтите викаа а сестрите доцна реагираа.
Овој проблем во новиот објект е решен на тој начин што до секој кревет и во секое купатило во сите сали има алармни системи кои се на дофат на пацинтот. Доколку пацинтот го притисне копчето персоналот ќе мора итно да реагира, затоа што компјутерски ќе се брои времето кое им е потребно на сестрата и докторот ќе дојдат до пациенот што ги барал. Се одело и до таму што менаџерскиот тим преку еден лап топ компјутер ќе може да ја контролираат целата болница и ќе имаат увид во сите одделенија сместени во новиот објект.
„Целиот наш проект и медицински и економски Охридската болница беше замислена како регионална болница која би прифаќала пацинти во радиус од 150 километри, а тука влегува и Макднија и еден дел од Албанија“, додава директорот Арнаудов.
Изградбата на општата болница по втор пат започна пред 8 месеци кога тендерот на министрството за здравство го доби формата ДОО Виа Вевчани.
Најпрво иако беше планирано реновирање на фасадата и дограмата на стариот објект за што беа одобрени 950 илјади евра, сега се достигна до нова зграда современа опрема и сума од 7 милиони евра.
{loadposition content9}