Skip to main content

Ќе се гради игралиштето под тенда

Балон игралиштето во дворот на О.У. Григор Прличев сепак  се гради.  Откако првичниот договор за негова изградба беше спогодбено раскинат, сега од локалната велат дека постапката била само привремено стопирана. Реализацијата продолжува а инвеститорот е ист, фирмата дооел Фудбал 2010, информираат од секторот за образование при локалната.

 |  Николоска Биљана  | 
balonigraliste
балонигралиште

balonigralisteСпортското игралиште под тенда или таканаречен балон стадион сепак ќе никне во дворот на О.У. „Григор Прличев“. Зафатите околу уредување на теренот се изведуваат на северниот дел од училиштето. Деновиве таму интензивно се гради. Постапката за изградба на игралиштето по пат на јавно приватно партнерство меѓу општината, училиштето и фирмата изведувач првично беше прекината поради недоследности. Од локалната не откриваат кои се причините за тоа. Но постапката е обновена и според градоначалникот Петрески не постои никаква пречка за изградба на балон игралиштето.

„Балон игралиштето ќе се прави, тој што го доби тендерот ќе го прави, незнам кој е“-вели Петрески.

Иако градоначалникот изјави дека не знае кој е изведувачот, од секторот за образование при локалната откриваат дека станува збор за истата фирма која првично го доби тендерот, ДООЕЛ „Фудбал 2010“. Новина е тоа што во новата постапка е исклучено училиштето Григор Прличев и мислењето на раководната структура на истото. Но тоа не е никава пречка за реализација на проектот, бидејќи според него бенефитот ќе биде како за учениците од Григор Прличев така и за другите училишта и грашаните на охрид воопшто.

„Целата постапка не ја вршеше директорката затоа и нема што да кажи, значи постапката ја правиме ние со таа постапка добива цел град“- изјави градоначалникот.

balonigralisteЗа Петрески не е спорно ниту тоа што не е земено во предвид  мислењето на Училишниот одбор, составен од претставник од министерството за образование, од локалната, наставници, родители, кои треба да имаат одредено влијание барем во оние одлуки кои се однесуваат на се она што се прави во рамките на училиштето.

 „Тие можат да дадат некое свое мислење, но сепак имотото е на општината. Јас го респектирам мислењето на одборот но овој пат тие субјективно гледаа на поставувањето на балонот бидејќи нема што тука многу да се гради“-рече градоначалникот.

Инаку првиот договор за изградба на ова игралиште беше склучен на 18ти мај годинава како јавно приватно партнерство, помеѓу општина Охрид, училиштето и фирмата ДООЕЛ „Фудбал 2010“, на барање на ОУ „Григор Прличев.  Дали сега при повторената постапка остануваат условите од првиот договор, каде просторот и се отстапува на фирмата ДООЕЛ „Фудбал 2010“ на 5 годишно стопанисување со можност за продолжување на договорот на уште 5 години, со сигурност не може да се каже, бидејќи надлежните од Локалната не откриваат детали од договорот.

{loadposition content9}