Охриѓани за Нова година нема да патуваат во странство
Охриѓани за Нова година нема да патуваат во странство. Мал е бројот на оние кои можат да си дозволат такво задоволство. Плиткиот џеб, а и немањето традиција се главни причини за тоа.
Мал број охриѓани ќе ги дочекаат новогодишните празници во странство. Во агенциите во градов се нудат интересни аранжмани, но интересот кај нашите сограѓани е мал. Причини за тоа има повеќе, велат туристичките работници. Најголема секако е економската криза, но и старите навики на охриѓани во последен момент да се одлучат каде за најлудата ноќ, вели Елида Битрак од туристичката агенција „Елидатурс“.
Битрак кажува дека најинтересни дестинации за охриѓани се оние кои се во близина на нашата земја. Интерес има и за Истамбул. Овој аранжман чини 6800ден, а во него се вклучени две ноќевања и разгледување на градот. Традиционално барани дестинации се и Прага, Будимпешта и Виена. Ова патување чини 139 евра. Оние граѓани кои сепак се одлучиле најлудата ноќ да ја дочекаат надвор од земјава најчесто новогодишните празници ги поврзуваат со својот зимски одмор, вели Битрак. Таа објаснува дека на зимување најчесто одат во Бугарија и тоа во Боровец и Банско. Агенциите нудат и полуксузни дестинации каде може да се дочека новата година. Една од нив е и атрактивното Дубаи кое патување чини околу 1000 евра. Во овој аранжман се вклучени седум ноќевања.
Битрак вели дека се помалку дочекот на Новата година го има она значење како порано. Граѓаните се одлучуваат да останат дома, а на оние со подлабок џеб не им е потребно да ги чекаат новогодишните празници за некаде да отпатуваат.
{loadposition content9}