Повеќе од една недела без струја во 21 век
хридските села oтсецепени од цивилизација.
Куратица, Опеница, Завој, Плаќе, Речица, Свињишта Тие се повеќе од една недела немаат струја и телефон. Жителите се видно револтирани и на игноранскиот однос на вработените во ЕВН и велат дека доколку ништо за брзо време не се промени, ќе штрајќуваат пред подрачната служба на ЕВН во Охрид.
„Ова е катастрофа. Немаме телефон, немаме струја. Како што прашуваме во ЕВН редовно се бранат дека има многу дефекти, но таму каде што нема такви катастрофи треба да се повлечат луѓето и да се среди оваа работа. Св Никола ни е наврата и изгледа дека за овој големпразник ќе останеме без струја, што би било несватливо“, вели жител на Куратица.
Една стара женичка открива дека Храната која ја ставале за земава скоро целата е расипана и сега е за фрлање, затоа што им се расипале и фрижидерите. Таа вели: Од ЕВН како што знаат да подигнуваат цени, нека дојдат да ни надохнадат се“.
„Отидов пријавив и ми рекоа, знаеме и што да ти прајме. Им велам жиците горат над куќата моја, а тие велат што не интересира. Ние си имаме наши проблеми.
Раководството на МЗ тврди дека во нколку наврати се обиделе да разговаат со службите во ЕВН, но отаму освен оправдувања и барање трпение нема ништо друго.
„Сето ова нема никаво оправание на постапките и однесувањето на ЕВН. Целата ситуација овде е кризна. Снег недостапност. Поради немањето на струја жителите трпат и конкретни штети. Истата ЕВН која треба да гради некаков имиџ кога се работи за побарувања од истите домаќинства и со хеликоптер би слегле да ги наплатат, но во ситуација кога треба да им се обезбеди струја ги нема никаде. Нивите оправдувања дека имаат многу интервенции недржат, затоа што се работи за компанија која држи монопол во Р Македонија“, вели Горан Мицковски,секретар на МЗ Куратица.
Дека состојбата во селото Куратица е алармантан се уверивме и ние. Жителите ни рекоа дека нивното трпение е при крај и дека доколку за скоро не се направи ништо тие ќе превземат поригорозни мерки.
Не само Куратица струја веќе една недела нема ни во Опеница, Завој, Плаќе, Речица, Свињишта. Претседателот на МЗСвиништа Благоја Крстаноски вели дека постојано котактираат и со претставниците на ЕВН и открива дека се погласно се размислуваат да поднесат колективна тужба кон оваа компанија.
„Луѓето се отсечени што и најтрагично и верската слава Св. Ѓоргија го поминаа во мрак. Тешко, е во селото живеат претежно стари луѓе. Се обраќаме во ЕВН, но ништо.
(Благоја Крстаноски – претседател на МЗ Свињишта)
Се обративме и во ЕВН, со цел да ни откријат до каде се активностите за поправање на дефектот. Портпаролот на ЕВН Атанас Ковачески во телефонскиот разговор за ТВ М откри дека проблемот ќе се надмине во најкраток можен рок. Тој обелодени дека засилени екипи на ЕВН го оспособиле далноводот и трафостаницата од каде се напојувале со струја поголемиот дел од охридските села и сега селата едно по едно ќе добиваат електрична енергија.
{loadposition content9}