Skip to main content

Германските деца испратија Новогодишни подароци за охридските основци

Поделени новогодишни  пакетчиња за учениците од основните  училишта.

 |  Валентина Неловска  | 
пакетчиња
пакетчиња

Основците од  „Братсво  Единство“ преку  музика и игра, како што умеат само искрените  детски срца, ја искажаа благодарноста кон донаторот на новогодишните пакетчиња за нивните другари , децата од ранливите социјални семејства. Пакетчињата на кои се радуваат сите деца во светот им ги подарија од невладината , хуманитарна  организација Адра. Драгослав Кушески, од  НВО „ Адра“, вели дека три години соработуваат со донаторите на новогодишни пакетчиња.

„Ова се пакетчиња кои ги подготвиле германски семејства. Ниедно пакетче не е исто, се подготвуват со голема љубов за децата во Македонија“, кажува Кушески.
деца
 Директорот на ОУ „Братство Единство“, Муарем Доко се заблагодари во името на колективот за гестот на НВО „ Адра“ , која  ќе им ги разубави  новогодишните  празници и на нивните  ученици.

„ Ние соработуваме со сите невладини хуманитарни организации и мие чест во мое лично име и во името на колективот да им се заблагодарам на Адра за подароците на нашите ученици со кои ќе ја почуствуваат убавината на новогодишните празници“.  

НВО „Адра“ ќе подели околу 3.500 новогодишни пакетчиња,  за децата од основните училишта, градинките, Домовите за деца без родители и Мајчин Дом – Битола. Со оваа активност се опфатени и сите охридски основни училишта.

{loadposition content9}