Skip to main content

Матичните лекари со нов режим за препишување лекови од 2013

Матичен лекар нема да издава специјалистички лекови без препорака од доктор-специјалист.

 |  Мишел Наумоски  | 
lekovi
лекови

Новини во договорите кои Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги потпишува со матичните лекари. Овие договори кои се потпишуваат секоја година, од почетокот на 2013 година ќе имаат повеќе измени меѓу кои и нов режим на издавање на лекови од страна на матичните лекари.

aptekaСклучувањето на договорите е во тек, а веќе од почетокот на новата година, тие договори ќе стапат и на сила.

„Има режим на препишување на лекови во кој режим на препишување, е строго дефинирано од страна на еминентни стручњаци, кажано е кој лек-кој го препишува, кој лек-како се дава, како се користи и како може да се добие. Значи тој режим на препишување на лекови мора строго да се почитува од матичните лекари. Со тој режим на препишување, матичните ги запознаваат пациентите во текот на секојдневното работење.“-вели д-р Љупчо Костески, координатор на Здружението на приватни лекари од Охрид.

Овој нов начин на препишување на лековите од страна на матичните лекари всушност ќе значи дека тие нема да можат да препишуваат специјалистички лекови без да имаат препорака од докторот специјалист, односно едни лекови ќе ги препишуваат врз основа на медицина базирана на докази, а други по препорака на специјалист. Тука треба да се спомене и дека препораките на специјалистот за издавање на некој лек важат само до датумот одреден за контрола, додека ако не е наведено тогаш максимум до година дена.

ordinacija maticenСо новите договори, регулирано е и работното време на матичните лекари.

„Работното време на матичните лекари е строго дефинирано. Точно е дека постои четириесет часовна работна недела. Значи секој матичен доктори во тие пет работни дена е должен да ги сработи тие четириесет саати. Да биде достапен, пожелно е шемата на работење да биде од 8 до 20 часот. Потенцирам по 20 часот е грижа веќе на службата на итната помош, доколку некој има итен случај. Матичниот и во другата сатница е достапен, меѓутоа услугите и помошта после 20 часот би требало да биде грижа на првата помош, така е генерално договорено.“-рече д-р Костески.

Доколу матичните во текот на 5те работни дена не ги исполнат потребните 40 часа кои стојат во договорот, тогаш остатокот ќе треба да го доработат за време на викендот. Д-р Костески смета дека со овие новини во договорите во комбинација со електронските здравствени картички, во голема мера ќе се регулира и ограничи прекумерната употреба на лекови на своја рака.

{loadposition content9}