Skip to main content

Средба на пензионерите

Охридските пензионери пред крај на годината одржаа седница. Повод за средбата, Повелбата – Св Климент Охридски – Патрон на Охрид, која неодамна му беше доделена на претседателот на Здружението на пензионери Ѓорги Трпчески. Но има и новина во работењето на Здружението на пензионери.

 |  Николоска Биљана  | 
penzioneri
пензионери

Предновогодишна средба на охридските пензионери. Тие одржаа седницата,која беше поделена на два дела, работен и свечен. Проф. Маринела Јованоска, претседател ан Собранието на З.П. На Охрид и Дебрца повеќе се осврна на свечениот дел од седницата, поточно за главниот повод за нејзиното одржување.

penzioneri„Поводот беше повеќе да се собереме денеска како еден свечен чин, бидејќи нашиот претседател ја доби Повелбата Св. Климент Охридски – Патронот на градот“-вели Јовановиќ.

Првите луѓе на Здружението на пензионери годинава воведоа новина во работењето. Имено претседателите на органите и телата на годишната седница наместо писмен, дадоа усмен отчет за сработеното во текот на годината.

„Ние за прв пат оваа година се договоривме да не поднесуваме писмен извештај, од финансиска гледна точка гледаме да бидеме што поскромни“-изјави Јовановиќ.

Здружението на Пензионерите од Охрид и Дебрца е едно од ретките во земјава кое се истакнува со своите активности. Охридските пензионери се често наградувани, посебно на полето на спортот. Јовановиќ вели дека континуирано преку целата година имаат свои задачи и обврски, но и тоа дека се среќаваат со многу проблеми, кои се трудат да ги надминат.

{loadposition content9}