Нов сообрааќаен режим во цетарот на градот
Нов сообраќаен режим на Кеј Маршал Тито и кружниот тек кај плоштадот. Од Локалната велат дека ова е времено решение поради престојните празници. После јануари се се враќа на старо.
Нов сообраќаен режим на „Кеј Маршал Тито“ и кружниот тек кај плоштадот. На споменатата улица нема повеќе да се одвива сообраќај и ќе служи како шеталиште , а рампите на плоштадот се отстранети така што на овој дел ќе може сообраќајот слободно да се одвива без никакво запирање, вели Зоран Шикалоски, раководиделот на секторот за комунален развој и сообраќај.
Рампите повеќе нема да бидат во функција на паркинг просторот, а самото паркирање ќе се регулира со паркингметри или со смс пораки. Ова е одлука на Локалната во корелација со останатите субјекти, а причина се престојните празници кога се очекува во градов да пристигнат поголем број гости.
Рампите повеќе нема да бидат во функција на паркинг просторот, а самото паркирање ќе се регулира со паркингметри или со смс пораки. Ова е одлука на Локалната во корелација со останатите субјекти, а причина се престојните празници кога се очекува во градов да пристигнат поголем број гости.
Во овој дел од градот е поставена соодветна патна сигнализација така да новиот режим веќе се спроведува. Од СВР Охрид велат дека целосно се во тек со новините во сообраќајот во центарот на градот. Од таму потенцираат дека ќе дадат време да профункционира новиот сообраќаем режим. Портпаролот Стефан Димоски рече дека полициските службеници првенствено ќе делуваат информативно и едукативно, а дури на крај ќе се превземаат санкции. Униформирано лице почесто ќе патролира во овој дел од градот како би им предочело на возачите за промените во сообраќајот. Од Локалната потенцираат дека овие измени се привремени па затоа за нив не мора да се расправа на седница на совет. Шикалоски рече дека овој режим на сообраќај најверојатно ќе се спроведува до крајот на јануари после што повторно си се враќаме на старо.
{loadposition content9}