Skip to main content

Преку забава до хуманост

Во организација на градоначалникот Александар Петрески, Локалната самоуправа и Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, во спортскиот центар „Билјанини извори“, за најмладите се одржа хуманитарен хепенинг.  Собраните средства одат во рацете на дечиња со посебни потреби.

 |  Николоска Биљана  | 
hepening
хепенинг

hepeningНовогодишен хуманитарен хепенинг во Охрид. Средствата собрани од овој настан одат во рацете на ранливата категорија деца со посебни потреби. Пораката на првиот човек на градот Александар Петрески е дека сите сме исти, еднакви граѓани на Охрид.

„И ево на овој начин со оваа хуманитарна акција во исто време правиме забава за најмладите деца а исто така и за ранливата категорија на деца со посебни деца. Акцијата е многу успешна како што гледате“-вели Петрески.

Првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче, задоволен од хуманоста на децата. Неговите очекувања се дека во јануари наредната година целосно ќе се реализацира акцијата, „Декември месец на отворено срце“, така што во Охрид ќе имаме можност да го видиме возилото за деца со специјални потреби.

„Денеска е завршниот хуманитарен концерт од акцијата декември месец на отворено срце. Овие дечиња станаа дел од тој проект, станаа хумани наши сограѓани и тие ќе помогнат на своите врсници девата со специјални потреби-рече Алче.

На хуманиот хепенинг свој придонес преку настап дадоа и младите охридски музички ѕвезди. Петар Маркоски вели-„со задоволстово ја прифатив поканата на Локалната, ги сакам овие забави и сакам да пеам за младите.

hepening„Многу сум среќен што пеам на вакви забави и кога и да ме повикаат ќе пеам на ваков тип забави“-додава Маркоски.

Задоволството што присуствува на еден ваков благороден настан не го криеше ниту охридскиот талентиран пејач, Дејан Спасиќ

„За сите млади луѓе и за мене е задоволство е да може да се забавува млада публика како оваа истовремено да се помага на лица на кои имаат потреба од тоа“.

Забавата на хуманитарниот хепенинг ја загреваше Жанко З`Ш Голабоски. Свој настап имаа и охридските рибарчиња како и балетските групи. Во секој случај хепенингот претставува можност дечињата кои имаат потешкотии во развојот да се дружат и забавуваат во духот на новогодишните празници.

{loadposition content9}