Skip to main content

Охридските училишта безбедни

На крајот од годината се сумираат резултатите во повеќе области. И СВР Охрид ги направи крајните сондажи. Во однос на безбедносната состојба во средните и основните училишта во градов бројките се охрабрувачки.

 |  Јаковлева Лионела  | 
svr
свр

Безбедносната состојба во средните и основните училишта во градов, задоволителна, велат од СВР Охрид. Податоците покажуваат дека бројот на инцидентите споредбено со 2009 е намален за неколку пати. Само за пример во 2009 имало 16 инциденти, а во 2012, 7. Најчесто станува збор за ветрбални навредувања кои подоцна прераснуваат во физички напади и тепачки. Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид вели дека радува фактот што при тепачките не се користи оружје или некои опасни предмети.stefan dimoski

Подобрувањето на безбедносната состојба во училиштата се должи на спроведувањето на неколку проекти од страна на СВР подржани и од другите релевантни институции како и од едукацијата на учениците како на најбезболен начин да се решаваат конфликтите. Уште во 2009 започнале со проектот „Превенција од насилство во училиштата“, а оваа година се спроведувал проектот „Безбедни училишта, хармонична средина“.

 И за нареднава година планирано е спроведување на неколку проекти за подобрување на безбедноста во училиштата како и едукација на децата за подигнување на нивото на безбедносната култура, вели Димовски. Ќе се интензивираат превентивните безбедоносни мерки и ќе се направат напори учениците да се приближат кон полицијата.

{loadposition content9}