Skip to main content

Мнозинството го усвои буџетот за 2013 година

Мнозинството на Советот денес го усвои буџетот за 2013 година тежок 984 милиони денари, додека опозиционите советници на Вмро Дпмне ја напуштија седницата.

 |  Валентина Неловска  | 
sednica
sednica

Мнозинството на Советот денес го усвои буџетот за 2013 година тежок 984 милиони денари, додека опозиционите советници на Вмро Дпмне ја напуштија седницата. Координаторот на советничката група од Вмро Дпмне,   Дејан Паноски претходно  упати забелешки дека буџетот е неприфатлив за нив. Констатираше дека е безидеен и не носи развој за градот. Паноски истакна дека можеле да поднесат амандмани и да го блокираат буџетот, но тоа не го направиле со образложение дека тие се одговорна политичка партија.

„ Ние  сме против секоја ставка. Во буџетот не е ништо работено, прекопиран е од минатиот пат со зголемени ставки. Тоа говори за неискрениот однос кон буџетот и граѓаните, истакна пред напуштање на седницата Паноски.
 
sednicaГрадоначалникот Александар Петрески ги отфрли  обвинувањата дека станува збор за неразвоен буџет. Советниците од Вмро Дпмне можеа да поднесат амандмани и ние ќе ги прифатевме. Половина од охридскиот буџет ќе оди за капитални инвестиции.  Ние  не можеме да инвестираме во Емо или во Болницата, Лихнида или Застава тие инвестиции се на државата, кажа Петрески. Додаде дека, Општината може според законот да инвестира само во сфери кои се под нејзина надлежност.

„ Можеме во нашиот буџет да предвидиме инвестиции како што се за изградба на патишта, тротоари водоводи , канализација,  колектор. Тие се капитални инвестиции за општината, а во нашиот буџет има преку пола милион евра за гасификација на градот, кажа Петрески.

Советникот од редовите на Вмро НП, Јоне Станкоски истакна дека буџетот е направен врз потребите на граѓаните за нормално функционираат јавните претпријатија, образовните институции, противпожарната единица. И советникот Томислав Тунтев не беше изненаден од текот на седницата и постапката на советниците од дпмне. Праша само кој  е начинот да се замине од седница без предходна дискусија и изнесени аргументи. Наша задача е да се најдат најповолните решенија за барањата и потребите на граѓаните, истакна Тунтев.
sednica Инаку, советникот Ахмет Патељ , претседател на Комисијата за финасии и буџет,  во образложението за проекцијата на буџетот кажа дека кај некои ставки има намалување кај други зголемување за разлика од ланскиот буџет. Намалување има кај институцијата градоначалник каде што се предвидени 4 милиони 635.000 илјади денари  во споредба со лани кога висината на средствата изнесувале 5 милиони 385.000  денари. Намалување на средства има и кај јавното осветлување и јавната чистота. Зголемување на средства пак, има во  ставките за заштита на животна средина, во детските градинки и образованието.  Исто така  повеќе средства и за спорт и рекреација за што се планирани 15 милиони и 800.000 денари, а мината година овие средства биле проектирани нешто повеќе од 13 милиони. Советниците ги усвоија и остантите точки од дневниот ред и изгласаа одлуки за програмите за работа во повеќе општествени сфери, јавни претпријатија, нацрт урбанистички планови. Седницата беше прекината, а за две точки од дневниот ред советниците ќе дискутираат на продолжението на седницата, и тоа  за програмите за работа на Јавните претпријатија ,  „Комуналец“ и „Градски гробишта“.  

{loadposition conetnt9}