Ривиера и Табана повторно ги разгореа политичките страсти
Советниците, денес ги изгласаа и предлог одлуките за опфатот на нацрт уранистички планови за Ривиера и Табана.
Советниците, денес ги изгласаа и предлог одлуките за опфатот на нацрт уранистички планови за Ривиера и Табана. Овие нацрт урбанистичките планови по втор пат ги разгореа политичките страсти. Додека за опозиционерите нацрт урбанистичките планови немаат законски согласности од институциите, за позицијата се е легално. Од секторот за урбанизам, просторно планирање и животна средина, велат дека при изработката на нацрт плановите се испочитувани сите Законски процедури.
„ При изработката на урбанистичките планови мора да се земат предвид, од Завод и Музеј и Управата за заштита на културното наследство, забелешките кои се во форма на заштитни конзерваторски основи , одобрени од Управата. Ние сме обврзани да ги внесеме во урбанистичките планови во фаза на нацрт, а се е тоа е постапено“, кажува Арнаудов.
Советникот Томислав Тунтев испрати порака до стручните служби за неселективност и избегнување на нови неправди кон граѓаните кои ги добиле со процесот на денационализација имотите назад.
„ Советот го носи планот во нацрт основа која им овозможува на граѓаните да делуваат со свои забелешки. Мојата дискусија беше во насока во процесот на јавна расправа да бидат испочитувани забелешки на сите охриѓани. Доколку државата почустувала потреба да им врати имоти во процес на на денационализација тогаш не смее ни еден граѓанин да биде оштетен“, кажува Тунтев.
Градоначалникот Александар Петрески категоричен дека ги имаат сите потребни согласности за овие урбанистички планови во нацрт верзија за да ги стави пред советниците на усвојување.
„Ги исполнуваме сите законски прописи. Граѓаните кои имаат земја беа повикани од советникот Дејан и од другите структури и им беше кажувано дека веднаш по изборите , Вмро Дпмне овие два урбанистички планови ќе ги стави на дневен ред и ќе ги поддржи да поминат. Има дадов можност не по изборите туку сега за да видат граѓаните кој работи за нивен интерес, а кој за другите интереси“, напомена Петрески.
Советникот од опозицијата Дејан Паноски со став дека нацрт полановите не требаше денеска да се најдат пред советниците. Смета дека нивното ставање на дневен ред за усвојување е противзаконски.
„ Урбанистичките планови кои се ставаат насилно и без координација се ставаат на дневен ред е обид на Локалната да протурка свое сценарио. Информациите говорат дека ниту едно од предолжените нацрт урбанистички планови нема одобрение од институциите, нема од Музеј и Управата, кои треба да дадат одобрение и нема да бидат законски“, потенцира Паноски.
Инаку според нацрт урбанистичките планови, меѓу другото, кај Ривиера се предвидува градба на неколку локации и катна гаража, а на Табана, кај муренката е предвидена рекоснструкција на поранешниот хотел на Радиќ.
{laodposition content9}