Skip to main content

Охриѓани и гостите Новата Година ќе ја чекаат на Градскиот плоштад

Се е подготвено за вечерашниот дочек на Новата година на градскиот плоштад.

 |  Маленкова Татјана  | 
Nova godina
Нова година

Забавата која ќе започне во 22.00 часот традиционално е во оранизација на локалната самоуправа.  

„ Официјално програмата ќе започне во 22.00 со настап на Ѓоко Танески, во 22.30 ќе настапи групата Камелеон во 23.00 настапува младиот Петар Маркоски од Охрид во 23.30 Аренси бенд. Точно на полноќ  на дочекот на Новата ќе пее Ристо Самерџиев.


„Во 00 или во 12.00 часот се обраќа градоначалникот бидејќи откако е прв човек на градот е на гарадскиот docek na Nova Godinaплоштад со граѓаните и гостите кои се тука, точно на полноќ се обраќа, а секогаш после него настапува еден од изведувачите, а овој пат ќе биде Рието самарџиев од полноќ до 30 минути после полноќ, а секог 30, 40 минути после полноќ завршуваат забавите, навено е дека по околу 01.00 ќе трае забавата“, дадава Јованоски.

Јованоски уште еднаш потврди дека желба на градоначалникот беше за дочекот  на Новата 2013 год. На градскиот плоштад да настапуваат охридски музичари затоа што имаме ѕвезди познати и признати насекаде.

Градоначалникот вели дека неможе ни да замисли Новата Година да ја чека на друго место, освен со охриѓани. Токму затоа тој и годинава ќе биде со граѓаните и гостите кои ги има во поголем број за празниците во градов.

„Јас вечерва ќе бидам на плоштад, заедно со граѓаните наопштина Охрид. Ме радива и што има многу туристи, што градот е полн, не само хотелите, туку и приватното сместување имам информации дека и влашка маала и Видобишта имало доста гости од Србија“, додава Петрески.

Градоначалникот апелира до сите охраѓани, но и до гостите да прославуваат, но и да внимаваат за се да помине во најдобар ред, онака како што му доликува на Охрид, град кој е синоним на културен центар.
За безбедноста во градов вечерва, но и за враме на празнициве и од СВР најавуваат засилени контроли.

{loadposition content9}