Skip to main content

Сузбивање на насилството и подобрување на јавниот ред и мир, приоритетите на СВР Охрид во оваа година

Сузбивање на насилството и подобрување на јавниот ред и мир ќе бидат приоритетите на СВР Охрид во оваа година. Годината што измина ја оценуваат како успешна со голем процент на реализирани кривични дела.

 |  Јаковлева Лионела  | 
policija
полиција

Свр Охрид максимално ќе биде ангажиран и во новава година. Новиот вршител на должност, началник на СВР- Охрид, Зоран Сарафилоски рече дека приоритет ќе му биде сузбивањето на насилството за што и лично ќе се завземе. Сарафилоски најави дека со жестоко темпо ќе продолжат и активностите за сузбивање на тешките облици на кршење на јавниот ред и мир.policija
Ќе бидам присутен на терен, ќе ги согледувам состојбите, ќе преземам мерки, а при тоа ќе нема прикривање на фактите. Ќе бидеме објективни и секогаш достапни за медиумите и јавноста, рече Сарафилоски.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски рече дека годината која измина ја завршиле со исклучително позитивен биланс и со висок % на реализирани кривични дела. Дури 61% од случаите се решени.
Свр и во новата година продолжува да работи на истиот принцип. Од таму велат дека пред се ќе делуваат едукативно, а потоа репресивно. Апелираат на добра соработка со останатите субјекти и граѓаните, како резултатите би биле уште попозитивни.

{loadposition content9}