Skip to main content

Во Струга првото бебе, женско

Прво па женско. Од струшкото гинеколошко одделение кое веќе две години функционира не само за потребите на општина Струга туку и за Охрид, велат дека годинава ќе ни биде бериќетна.

 |  Николоска Биљана  | 
bebe
бебе

Бериќетно, со женско бебе почна Новата 2013 година на гинеколошкото одделение во Стуга. Родилката се вика Билјана Мартиноска. Таа на само една минута по полноќ ја доби втората ќерка, после 13 години.  Мартиноска се породи со царски рез и двете се чуствуваат добро.

„Добро се чуствувам, утрово многу подобро, пресреќна сум што годинава ми започна вака не можев ниту да сонувам“ – вели Мартиноска.

rodilkaИмаме плодна година во струшкото гинеколошко одделение, вели доктор Станислав Буклиески. Бројката надминува над 1300 новородени, но сепак првороденото бебе во Новата година и кај нас како медицински тим предизвикува посебно чуство, велат одговорните од тимот.

„Ние сме колегите кои го наследивме дежурството. Првото бебе е женско, плодна и бериќетна година се наговестува. Бвебето е живо и здраво, а мајката е во добра кондиција“.
 „Првото бебе е женско со 2,860 килограми тежина, бебето е здраво живо и е кај мајката“.
 „После првата операција имавме уште една операција првото е стружанче, второто охриѓанче, сите се добри. На сите ја честитам Новата година истата да биде бериќетна и со добри плати“.

Иако досега на гинеколошкото оддделение во Струга добро се справуваат со пациентите од трите града Струга, Охрид и Дебар, сепак, докторите годинава очекуваат растеретување на обемот на работа со отпочнување со работа на охридското гинеколошко одделение, како би добиле подобар квалитет на услуга кон своите пациенти.

{loadposition content9}