Мал број охридски семејства згрижуваат деца без родители
Охридските семејства и понатака не покажуваат поголема желба за згрижување на деца без родители.
Охридските семејства и понатака не покажуваат поголема желба за згрижување на деца без родители. Интересот за оваа хумана вонинституционална форма за згрижување на деца без родители полека се мрднува од мртва точка, вели директорот на охридскиот центар за социјални работи Екрем Каљоши. Факт е дека во минатиот период во Охрид немаше никаков интерес за вдомување на деца со кои се поиграла животната судбина. Иако, засега во Охрид има само две семејства кои се стекнале со статус на згрижувачки семејства, интересот полека се буди, појаснува Каљоши.
„ Во Охрид во последно време по преземените активности иампоголем број на приојавени семејства кои сакаат активно да се вклучат во згрижување на деца без родители. Очекуваме во наредниот период оваа активсот и желба за хумано делување да биде на повисоко ниво и да профункционира и оваа форма во Охрид и охридско, кажува Каљоши.
Семејствата пак, кои покажале интерес да згрижат деца и да стекнат статус на згрижувачко семејство мора да минат низ процес. Претходно мора да исполнат одредени услови пропишани со Закон. При изборот на семејствата за вршење згрижувачка функција, Центарот се раководи од повеќе критериуми во однос на згрижувачите како што се нивната возраст, образование, брачен и семеен статус. Етичките прашања и мотивите за чување и одгледување на дете се важни прашања кои се поставуваат на згрижувачките семејства. Дури потоа Центарот ги разгледува прашањата врзани за материјалните и станбените услови во кои живее семејството.
„ Има одредени критериуми за семејствата кои сакаат да се пријават за згрижување на семејства. Претходно се прави обука и доколку се помине таа обука тогаш се вклучуваат во списокот на евидентирани семејства за да може да згрижат дете“, додава Каљоши.
Ваквата форма на заштита во земјава се применува традиционално повеќе од 30 години. Во последните неколку години развиена е мрежа на згрижувачки семејства во Прилеп, Македонски Брод, Крива Паланка, Кочани и Крушево. Моментално има 93 згрижувачки семејства во кои се згрижени 153 деца на возраст од 3-26 години. Згрижувачките семејства добиваат парична надокнада во висина од 5000 денари месечно за секое згрижено лице.
{loadposition content9}