Skip to main content

Чествување на 100-годишнината од Охридското востание

Oхридскиот Совет даде зелено светло во септември оваа  година да се одбележи 100 годишнината од Охридското востание.

 |  Валентина Неловска  | 
caulev
caulev

Oхридскиот Совет даде зелено светло во септември оваа година да се одбележи 100 годишнината од Охридското востание. Повод за кревање на востанието било потпишувањето на  Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија. Ден по потпишувањето на  овој погубен договор за Македонија, Централниот комитет на Вмро испратил делегација која побарала од големите сили ревизија на договорот.  До  ревизија на договорот не дошло и Организацијата  ја продолжила револуционерната борба за ослободување на Македонија. Подготoвките почнале и на 21 август  продолжила организираната нова борба. Вооружените востаници на  чело со војводата Петар Чаулев на 12 септември 1913  успеале да ги протераат српските војски и  администрацијата од Охридско и Струшко. Охрид на 12 септември бил ослободен. Иницијативата за годинешното чествување на овој историски датум  е на пратеничката група на Вмро НП.
 pc

„Во предлогот што го даваме е на 11-ти септември да има јавна расправа со историчари за да се каже значењето на овој настан. На 12-ти предлагаме да има положување на цвеќе на местото во Велгошти каде што се стрелани повеќе лица, а нивните потомци изградиле спомен обележје. Локалната самоуправа хортикултурно треба да го уреди овој простор“, вели Станкоски.

Охридското востанието е значајно и по тоа што оружените македонски чети го кренале востанието заедно со четите од албанскиот револуционерен округ. При тоа четвртиот српски полк бил заробен заедно со сите офицери. Неколку српски топови биле заробени во Охрид, каде што четите на Петар Чаулев и Павле Христов  влегле на 12-ти септември. Советникот Станкоски потенцира дека во македонската историографија многу малку се зборува за ова востание и направи паралела меѓу нивната иницијатива и прославата што мината година се случи на Зебрењак.

„ Разликата на она што ние го бараме и она што го направи Владата на Република Македонија и ДПМНЕ е што тие ја прославија на Зебрењак окупацијата на Македонија со Букурешкиот мировен договор и доаѓањето на српските сили, а ние бараме да се чествува ослободувањето на Охрди од овие окупаториски сили“, кажа  Станкоски.

Охридското востание било задушено по десет дневна борба со редовната српска војска и со дополнително мобилизирани 100.000 војници. По задушувањето на востанието голем број на охридски села се запалени, а паднати се и многу жртви. На Крстовден, на 27 септември се стрелани и неколкумина жители на Велгошти.   

{loadposition content9}