Skip to main content

Ограбена златарата „Голд“ во Охридската чаршија


Украден накит вреден 100 000 евра од охридска златара.

 |  Маленкова Татјана  | 
krazba zlatara
кражба златара

СВР превзема широк спектар на активности со цел пронаоѓање на двете лица кои синоќа околу 19 часот и 45 минути  во златара во Охрид во централното градско подрачје извршија кривично дело разбојништво. Имено во моментот на разбојништвото во златарата се наоѓала вработена која под закана со пиштол од еден од крадците се повлекла во ќошот од златарата, а другиот го одземал златото.
Портпаролот на СВР Стефан Димоски открива дека Секторот има добри оперативни сознанија по кои интензивно се работи, а се проверуваат и сите информации кои од синоќа доаѓаат до полициските службеници.

„Ангажиран е целокупниот полициски оперативен состав на полициската станица во Охрид, ангажирани се zlatoполициските инспектори како и униформираните полициски службеници. Како што објавивме доцна синоќа се работи за кривично дело разбојништво кое е изврешно во златарата од страна на засега две непознати лица. Двајцата имаат влезено насилно во златарата и под закана со пиштол кој го имал едниот од нив одземени се околу 8 табли со злато кои се наоѓале на пултот од златарата“, вели портпаролот на СВР Стефан Димоски.

Извршителите на кражбата синоќа биле маскирани со капи и шалови, но и покрај тоа  од СВР тврдат дека имаат добри сознанија, кои ќе резултираат со пронаоѓање на сторителите на  кривичното дело.

„Откако го извршиле делото двајцата сторители се обиделе со мотор да избегаат од местото на настанот, но после кратко време тие паднале и го оставиле моторот по што избегале од лице место. Моторот е одземен од страна на полицијата и во моментов се вршат неопходните активности и вештачење и веруваме дека овој одземен мотор ќе биде еден од низата аргументи со кои располагаме и ќе го докажеме кривичното дело со пронаоѓање на сторителите“, додава Димоски.

Портпаролот открива дека според кажувањето на сопственичката на златарата врдноста на одземениот златен накит е околу  100 000 евра. Тој додава дека во тек е преглед и оперативната обработка на безбедносните камери  кои ги има во делот каде што е извршено разбојништвото.

Ова не е прва кражба во охридското семејтво кое долги години се занимава со овој бизнис.  Пред околу една година, разбојници среде бел ден ја разбиле вратата од домот на сопственичката на златарата,  при што го украле сефот во кој имало петнаесеттина илјади евра, злато и документи.

{loadposition content9}