Skip to main content

Охриѓани масовно ги посетија светите храмови

„ Христос се роди- Навистина се роди“,  е денешниот поздрав со кој меѓусебно се поздравуваат православните христијани

 |  Валентина Неловска  | 
bozik
bozik

„ Христос се роди- Навистина се роди“,  е денешниот поздрав со кој меѓусебно се поздравуваат православните христијани. Тие го празнуваат раѓањето на спасителот Исус Христос. Утринските богослужби кои се одржаа во  светите храмови беа преполни со верници.  Црквите беа посетувани од православните христијани и во текот на целото претпладне, а при тоа беа посакувани најубави желби. Се палеа свеќи, а најчестата молитва беше за здравје и мир.
isus
Свештеникот Диме Азески од православниот храм „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско, не потсетува на значењето на овој голем христијански празник. Христијанскиот поздрав ни  ја открива тајната и значењето на денешниот ден, нагласува отец Азески.

„ Навистина го славиме раѓањето на Богомладенцот Христос, воплотувањето на Бога во тело. Сето тоа го направил поради љубовта кон луѓето и заради нашето спасение. Оттука произлегува и јасно се укажува дека овој празник е празник на големата љубов Божја и тоа е и праката љубовта помеѓу себе и кон Бога“.

Свештеникот Диме Азески упати порака до сите христијани секогаш да се љубат  и почитуваат така   меѓусебно како христијани ќе се препознаваат. На тој начин секогаш ќе сведочат дека се навистина вистински чеда Христови и на Богомладенецот Христос.

{loadposition content9}