Куратица се подготвува за традиционалниот карневал
На 13 и 14 јануари Куратица ќе биде домаќин на традиционалниот јубилеен 15 ти карневал.
Денеска на влезот од селото вниманието ни го привлече табла на која јасно пишува „Добредојдовте во куратица.еу“. Повеќе од очигледно е дека жителите на Куратица веќе се чувствуваат како да се во ЕУ.
„Ние како Месна заедница сакаме се да функционира во селото, токму затоа се чувствуваме европски“, вели претседател на МЗ Куратица,Горан Ангелоски.
Последните подготовки за карневалот се во завршна фаза, вели претседателот на МЗ Горан Ангелоски. Тој додава дека на последниот состанок кој го одржале во петокот биле дефинирани сите детали за празникот и карневалот.
„Карневалот започнува со традиционалната вечер на 13 ти со василичарскиот оган, кој е запален од Бадник и кој ќе гори се до Василица. Околу 18 часот е планирање, собирање на групите кои ќе го посетат целото село зетот, невестата и ѓаволот, бајачот и останатите учесници. Групата секогаш брои околу 200 до 300 членови кои имаат задача да го посетат селото од прва до последна куќа“, вели Ангелоски.
Според деталниот план на организациониот одбор, посетата на семејствата и домаќинствата завршува околу 04 часот наутро, а следниот ден, околу пладне почнува подготвката на традиционлните јадења. Официјалниот дел на карневалот започнува во 18.00 часот, кога храната им се дели на присутните гости.
Група Маестрал и Татјана Лазареска се задолжени за добрата забава за втората карневалска вечер. Дефилето на маските е предвидено околу 19.30 часот. Дознаваме дека сега засега најавено е присуство на маскирани групи од неколку градови од Македонија. Доцна вечерта е предвидено прогласувањето на најдобрата маска за 2013 година, а прославата ќе заврши со богат огномет. Претседателот на МЗ вели дека маскембалот се прави со цел да ги развесели луѓето, а не навреди. Токму поради тоа Курајчани внимаваат и при изработката на маските.
„Колку што можеме да контактираме со групите некои уште од летото најавуваат што ќе прават, но деновиве никој не открива која маска ќе ја направи, ќе видиме на вечерта. Не можеме ние да забраниме, тоа е маска, а секој наш состанок им потенцираме да се внимава, за да не биде некој навреден. Покрај тоа што е маска треба да се внимава“, додава Ангелоски.
На прашањето кој се е поканет на карневалот од органзиациониот одбор велат дека Покани поединечни нема, затоа што поканата е отворена за сите. „Во Куратица никогаш поединечно никој не бил поканет, затоа што сите се добредојдени“.
Како и изминативе години така и годинава карневалот финансиски го закрепнаа иселениците и жителите на Куратица. Карневалот опстојувал и ќе опстојува, благодарение на сите нас“, категорични се жителите на Куратица.
{loadposition content9}