2012 успешна, во 2013 нови предизвици за ЕК „Бофор“
Од клубот задоволни од своите настапи во 2012та година.
Едриличарите од охридскиот клуб „Бофор“ изминатава година со своите едрилици пловеа низ многу води. 2012 година воглавно ја сметаат за успешна година, пред се поради своите бројни настапи. По одредени класи, едриличарите од „Бофор“ зеле учество и на европски и на светски првенства. Тоа учество го сметаат за драгоцено искуство за во иднина. Освен што учествуваат со свои едра, тие се покажаа и како добри домаќини.
„Организацијата на Илинденската регата оваа година беше во помал обем, поради помалото присуство на гостите од другите држави бидејќи беше и олимпијадата во Лондон. Можам да кажам дека настапивме и на Балканијадата во Грција, каде што репрезентацијата на Македонија даде резултати што се на задоволително ниво. Не се одлични, но сепак треба да се работи.“-рече Стефан Ставрев-Претседател на ЕК „Бофор“.
За оваа нова, 2013 година најавуваат нови предизвици бидејќи на состанокот на земјите претставници од Балканот, од „Бофор“ успеале да ја добијат организацијата на 46от Балкански отворен шампионат во едрење за олимписките класи.
„Во 2013 година фактички имаме две Балканијади. Едната е Илинденската регата на која што ќе бидат присутни сите тие што на некој начин ќе учествуваат на Балканијадата. Значи имаме припреми за Балканијадата, нормално од 2ри до 8ми Септември е Балканијадата на која што очекуваме во Охридското езеро да има некаде помеѓу 350 и 400 едриличари плус техничкиот персонал и официјални лица.“-вели Ставрев.
Ние само им посакуваме оваа 2013 година, да им биде уште поуспешна од минатата, и секако охридските едра да доминираат на годишените регати.
{loadposition content9}