Skip to main content

Младиот научник д-р Чакарески одржа предавање на универзитетот Св. Апостол Павле

Студентите на Универзитетот Св. Апостол Павле следеа предавање на Д-р Јаков Чакарески.

 |  Валентина Неловска  | 
cakareski
cakareski

Студентите на Универзитетот Св. Апостол Павле следеа предавање на Д-р Јаков Чакарески. Стружанецот д-р Чакарески е млад македонски научник за електротехника и компјутерско инжинерство, предавач и истражувач во швајцарскиот водечки технички универзитет. Професорот Чакарески допатува од Федералниот  политехнички универзитет во Лозана каде што спроведува истражувања, држи предавања и ја надгледува работата на тамошните студенти. Професорот за својот ангажман во Охрид вели дека е значаен бидејќи техниката се движи многу брзо. Чакарески укажува на значењето на  предавањата кои помагаат за размена на нови знаења и факти и се допринесува за соработка меѓу универзитетите тука и во странство.
Sv
„Методите се различни,  но позитивно е што се прават напори во Македонија и Охрид да оди позабрзано напредокот и да има транспарентност на интернационално ниво во тој поглед“, вели Чакaрески. 

Проф. Д-р Нинослав Марина, ректорот на Св. Апостол Павле, ја потенцира намерата да ги подобрат научните истражувања на нивниот Универзитет. Нивна интенција  е во иднина на универзитетот да гостуваат што поголем број реномирани  професори од сродни странски универзитети.

„ Промовирање на нови интернационални програми каде што ќе докажеме дека информатичките технолгии може да бидат застапени во сите области од општеството.  Спремаме нови програми во економските науки, здравството, правните науки и новите медиуми. Секогаш ја запазуваме интернационалната компонента затоа што тоа ни е главниот модел на Универзитетот и како еден дел од таа програма“.

Професорот Јаков Чакарески е еден меѓу првите македонски визитинг професори од дијаспората кои допатуваа да одржат предавање пред студентите на Св. Апостол Павле. Со него ќе се преговара за ангажман за визитинг предавач. Од овој универзитет планираат што повеќе научници од дијаспората да ги донесат во Охрид. Со тоа ќе се овозможи пренесување на нивни знаења и отварање на врати за соработка и размена на повеќе студенти и стручнаци од соодветни универзитети.

{loadposition content9}