Билатеријалниот секретаријат има конкретни планови за 2013 год.
Билатералниот секретаријат за заштита на охридското езеро има детален план на активности за годинава.
Три големи проекти кои што се однесуваат на интересите на Охрид и регионот ќе треба да се имплементираат во 2013 год. Претставникот на билатералниот секретаријат Дејан Пановски открива на што ќе се фокусира секретаријатот годинава.
„На крајот од 2012 год. Завршивме три успешни проекти кои што претходно долг период ги водевме и за кои лобиравме.
Едниот е прогласување на биосферен резерват Охрид – Преска кој што во следниов период ќе си земе замаф по изготвување на апликацијата, Вториот е проектот кој конкретно ќе треба да го изведиме за студенчишкото блато за негова заштита и инфраструктурно решавање и негова туристичка понуда и третиот и најголем кој мината година беше одобрен од страна на глобалниот еколошки фонд во Вашинктон е проект за Дрим кој годинава ќе треба да го развиеме, да го детализираме и да почнеме со конкретна имплементација на неговите компоненти“, додава преставник на билатеријален секретаријат, Дејан Пановски.
Пановски е категоричен дека заштитата на охридското езеро ќе биде комплента со прокетот преку кој и Албанскиот дел од Езерото што биде под капата на УНЕСКО.
„Тоа е уште еден од проектите кои се однесувааат на заштита на целокупниот слив. Проектот е подржан од ЕУ и генерално ќе се однесува на албанската страна. Македонската страна ќе има дел од тој проект но далеку помал, со цел искуствата кои ги имаме околу Унеско од нашата страна да ги пренесеме и на албанска страна и да се затвори и тоа прашање. Проектот е активен и верувам дека бидејќи се работи за 14 до 16 месечен проект дека после тој временски период дека и таа албанската страна ќе стане дел од Унеско, со што ќе го зголеми степенот на заштитата“, додава Паноски.
Во Поградец, Албанија, пред скоро време се одржа работна средба за подготовка на актот за номинацијата на Охрид и Преспа за Прекуграничен Биосферен резерват во рамките на УНЕСКО. Активноста за прогласување на прекуграничен Биосферен резерват Охрид Преспа започна минатата година со потпишување на заедничка декларација на градоначалниците на општините кои се наоѓаат во рамките на предвидениот Биосферен резерват и со потпишувањето на заедничка декларација од страна на Министрите за животна средина на Македонија и Албанија. Имплементатори на оваа активност се преставници на КФВ од Германија, преставници на УНЕСКО како и Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридското Езеро.
Според планот предвидено е номинацијата да биде подготвена до септември 2013 година.
{loadposition content9}