РК „Охрид 2011“ ќе се натпреварува и покрај неправедната казна
Ракометниот клуб „Охрид 2011“ продолжува со натпреварите во првата лига.
Ракометниот клуб „Охрид 2011“ продолжува со натпреварите во првата лига. Вака синоќа одлучи управниот одбор на ракометниот клуб по казната која им ја изрече Ракометната федерација. РК „Охрид 2011“ е казнет со 120.000 денари и три месечна забрана на спортски ангажман за тренерот Горан Андоновски. Наместо да се санкционира клубот „Ринија“ заради заканите и физичкото насилство врз охридските ракометари, ракометната федерација го казни РК Охрид. Со таквата одлука РФМ примени двојни аршини за насилничкото однесување на РК „Ринија“. Овој клуб и во 2011 на гостување во Охрид ги нападна судиите и го напушти теренот. Крајно неспортски се однесуваа и во 2011 година и сега во Чаир, кажува тренерот на РК „Охрид 2011“, Горан Андоновски.
„На натпреварот со РК „Ринија“ во Скопје ние го напуштивме теренот под притисок заради тоа што бевме физички малтретирани. Сега одлуката е казна за нас со 120.000 денари, а за напуштање на теренот во 2011 за Ринија немаше казна. Службеното лице од РК Ринија за напуштање на теренот во Охрид не беше казнето, а јас за напуштање сум казнет со 3 месеци.“
Како ракометен клуб ќе ја почитуваме одлуката на РФМ , но „Охрид 2011“ никогаш повеќе нема да игра со РК „Ринија“ во Чаир, напоменува Андоноски. Клубот неможе да ја плати изречената казна од 120.000 денари, додава тренерот на охридските ракометари.
„ Ние сме волонтерски клуб и ентузијасти почнувајќи од мене до играчите, никој нема финансиски средства. Единствено крпариме со помош на општината и некои приватни сопанственици за да го издржиме првестнството. Пари немаме, но ќе ја почитуваме одлуката ќе се жалиме до ракометната федерација дека тоа не е фер. Испративме писма до Агенцијата за млади и спорт и сите медиуми за сами да се уверат како се решава еден ист случај“, потенцира Андоновски.
Одлуката РК „Охрид 2011“ да не ја напушти првата лига и да продолжи со натпреварите ја донесовме само заради успешното заживување на ракометот во Охрид по многу долго време, кажува тренерот Андоноски. Успешно работат младинските и пионерските школи кои се иднината на клубот. Казната која ни ја изрече РФМ би требало да го уништи ракометот во градот, тоа би било страшно и ние нема да го дозволиме тоа, објаснува Горан Андоноски. Напротив ќе продолжиме со напорна работа и тренинзи и ќе донесеме уште повеќе публика на натпреварите, додава категорично, сегашниот тренер на РК „Охрид 2011“ и поранешниот најдобар охридски ракометар Горан Андоноски.
{loadposition content9}