Нова иновација на Рац
Нов изум на Ратко Ѓорѓевиќ – Рац. Станува збор за иновација со која може да се заштеди дури 40% електрична енергија. За жал иноваторот Рац, сеуште, цели 15 години тапка во место со своите вредни сколопки, бидејќи досега државата не покажала интерес за неговите идеи за заштеда на електрична енергија на 12 можни начини.
Охридскиот иноватор со црногорскo потекло Ратко Ѓорѓевиќ – Рац, презентира нов изум. Тој овој пат направи прототип на склопка која може да заштеди дури 40 % електрична енергија. Оваа иновација е 12 по ред во последниве 15 години од кога со иноваторство се занимава Рац, кој пред камерата на ТВМ откри во што се состои суштината на работата на вредната според него склопка.
„Овој склоп доколку се вградат во електронски конвектори, ова е најнова иновација не во Европа и во Македонија, ви гарантирам и во свет, бидејќи иновацијата работи со повратен напон“-вели Ѓорѓрвиќ.
Досега државата во ниту еден момент не покажала интерес за моите иновации, кажува Рац. Додава дека тропнал на вратите и на највисоките органи на централната власт, но според него, се тоа било бадијала трошење време и пари.
„Се обратив и до Влада на Р.Македонија, за помош како иноватор, тие ме одбија, ме шетаа до неколку ресорни министерства, од секаде добив негативен одговор со изговор дека државата нема фонд за иноватори, изјави Ѓорѓевиќ.
Рац не членува во здружението на иноватори бидејќи вели дека за тоа требало голема сума на пари која тој не може да ја одвои од својата скромна инвалидска пензија. За да се потполнат документи за само една иновација требало 200 евра, а неговите месечни примања се 7 000 денари. Но сепак Рац не се откажува од своите иновации. Тој сеуште се надева дека некоја од неговите склопки ќе бидат патентирани од македонски производители на електро опрема.
„Ќе ми е чест ако ЕМО се нафати да овие иновации ги произведе и еднаш во животот да пишува произведено во Македонија, тоа ми е и последна желба како иноватор во Македонија. Зошто тоа да го дадеме во рацете на некоја европска земја па потоа ние од нив да купуваме готов производ. Треба да се случи обратното“– вели охридскиот иноватор.
Скапотијата на животот и ниските примања го натерале Рац да се занимава со иноваторство. Тој со неговите електронски склопки гарантира заштеда на 40% електрична енергија, доколку истите бидат патентирани и најдат своја примена во сериско производство на некоја голема електро компанија.
{loadposition content9}