Skip to main content

Културното наследство на Охрид ќе биде презентирано преку дигитални медиуми

Домашната и светската јавност ќе имаат можност преку современа дигитална технологија и на сосема поинаков начин да го доживеат огромното културно наследство на Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
Плаошник
Плаошник

Домашната и светската јавност ќе имаат можност преку современа дигитална технологија и на сосема поинаков начин да го доживеат огромното културно наследство на Охрид. За прв пат ќе биде преставена 3Д графичка реконструкција на ранохристијанската базилика на Плаошник.  На 18 и 19 јануари проектот ќе биде промовиран на првата меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам, чиј домаќин е Охрид, а на кој ќе учествуваат голем број земји.
Рубин Земон, еден од иницијаторите на меѓународната конференција,  ја нагласува идејата за ревалоризација на културното наследство за туристички цели и потреби.

плаошникПовеќе од една година, заеднички тим на експерти и студенти  од повеќе институции и факултети работеа на овој проект. Благодарение на современата технологија, ентизуијазмот на студентите и проферсорите и поддржувачите на проектот, во иднина ќе можеме да се појавиме и со други убави работи како овој кој е сега изготвен,  потенцира археологот Владо Маленко.

Зоографот Јане Бакрески, за ранохристијанската базилика за 3Д реконструкцијата, кажува дека е нов пристап кон културното наследство. Со дигиталните медиуми и компјутерската технологија ќе се создава нешто што досега не беше возможно. Таквата промоција ќе стигнува  до пошироката публика, објаснува Бакрески.

Меѓународната конференција за културно наследство, медиуми и туризам ја организираат македонскиот Институт за социо-култрурна антропологија,  Универзитот  за аудиовизуелни уметности Eсра, Руската Евро-азиска академија за телевизија и радио, Универзитетот за информатика Св. Аполстол Павле и Завод и Музеј Охрид. Покровител на конференцијата е Општина Охрид.  Учество ќе земат  12 земји од Европа, а ќе бидат презентирани 51 научен труд од 63 научни и стручни работници од областа на културното наследство, медиуми и туризам.

{loadposition content9}