Се изврши примопредавање на кумството за Водици
Отпочнаа последните подготовки за осветувањето на охридските води како и фрлањето на светиот крст по повод верскиот празник Богојавление – Водици. Денес во црквата „Св Никола – Геракомија“, традиционално со свечена литургија се изврши примопредавањето на кумството.
Минатогодишниот кум Ванчо Чифлиганец му го предаде кумството на Стојан Ѓоргоски годинешниот кум на Богојавление. Ѓоргоски посебно задоволен од честа што здружението му ја дала поддршката тој да биде кум на манифестацијата Богојавление – Водици.
„Адетот и за оваа година е исполнет. Многу благодарам на здружението Богојавление и посакувам и до година да се негуваат адетите од памтивек“-рече Ѓоргоски.
„Кумството, капењето во охридските води и се што помислив на деловен и приватен план последните три години ми се исполна, рече Ванчо Чифлиганец, минатогодишниот кум на манифестацијата Богојавление – Водици. Тој како посебен момент од неговото кумство го издвои тоа што донира средства за спомен обележјето за Водици, кое треба да се постави на пристаништето во градот.,
„Круна на моето кумство ќе биде спомен обележјето за Водици, кое веќе е направено усвоено од доборот од дружението Богојавление. – вели Чифлиганец.
Со чинот на предавањето на кумството отпочна Богојавленското прославување рече Димитрија Пендо од Здружението „Богојавление“.
„Благодарност до стариот кум , честитки до новиот се надевам дека ќе ги исполни сите задачи со верба, љубов во Бога, ќе помага во организација на сите празнувања кои се однесуваат на црковниот и световниот живот во Охрид“ – изјави Пендо.
Како член на Здруженито „Богојавление“, проговори и првиот човек на градот Александар Петрески.
„За среќа имаме голем број верски настани но овие празници Водици, Св. Јон, ни се најдраги затоа што најмасовно се прославуваат“.
Петрески кажа дека веќе биле пристигнати делегации од цела Европа, Франција, Германија, Италија, Бугарија, Србија, Хрватска и други држави. Со нивното присуство добива Охрид, бидејќи не само што ќе се врши промоција на настанот туку и градот ќе биде комплетно промовиран.
{loadposition content9}