Триесет социјално загрозени семејства денес добија хуманитарни пакети
Хуманитарните пакети се донација од годинешниот кум на манифестацијата „Водици 2013“ во соработка со Црвениот крст од Охрид. Кумот на манифестацијата вети дека во текот на годината барем уште два пати ќе организираат вакви акции.
30 пакети со основните прехрамбени производи како брашно, масло, тестенини, ориз, денес им беа доделени на социјално загрозените семејства од градов. Пакетите се донација од годинешниот кум на манифестацијата „Водици 2013“, Стојан Ѓоргоски во соработка со Црвениот крст од Охрид. Ѓоргоски потенцира дека и оваа хуманитарна акција е во духот на празникот, бидејќи една од основните одлики на христијанството е хуманоста и упати апел до сите граѓани кои се во можност да им помогнат на ранливите категории.
Претседателот на здружението Богојавление, Љупчо Арнаудов потсети дека со ваква хуманитарна акција започнале минатата година и дека таа веќе прераснува во традиција.
Од Црвен крст задоволни од организацијата на оваа акција. Тие посакуваат да има што помалку социјални случаи, а повеќе хумани луѓе.
Кумот на манифестацијата вети дека во текот на годината барем уште два пати ќе организираат вакви акции, а најави дека деновиве ќе бидат донирани три телевизоти во болницата за трауматологија и ортопедија „Св. Еразмо“.
{loadposition content9}