Финишираат подготовките за Водици
Градското пристаниште интензивно се подготвува за Водици.
Се поставуваат шатори за медицински екипи и за капачите, се украсуваа бродовите, поставуваа огради и тезги на кои ќе се точи топла ракија , а нуркачите го чистеа и езерското дно каде ќе се фрла светиот крст.
Обележана е и линија која ќе овозможи сите кои ќе се обидат да го фатат крстот до него да стигнат со пливање, што би значело сите пријавени да тргнат во исто време и од исто место, а не како досега.
„Како што нагласивме во повеќе наврати овојпат ако некој нечесно или предвреме тргнит или скокни од брод или чамец, нема да ги добијат наградите кои ги дава здруженито. Тие ќе одат во добротворни цели. Затоа треба сите да се сложиме дека треба да има ред, за да нема озборувања дека е наместено или не и сите христијански витешки да се такмичат и барем еден од тие 1000 ќе ја има честа да го фати крстот“, вели преставникот на Богојавление Димитар Пендов.
Денеска до 11 часот биле пријавени 600 капачи. Но Пендов вели дека според динамиката на пријавување. Но и според досегашното искуство очекуват по светиот крст да скокаат околу 1100 капачи.
„И како тајфи и како групи се пријавуваат. Имаме една група од Битола од 20 тина луѓе кои се пријавуваат секоја година имаме пријавено од Украина од Чешка од Шпанија од Србија од 7 – 8 земји од странство пријавени скокачи има од цела Р Македонија, а најмногу охруѓани. И сакам да напомнам дека има пријави околу 80 тина. И девојките активно земаат учество во скокањето по светиот крст“, вели Пендов.
Пендов додава дека нема да биде проблем и доколку крстот го фати некој кој не е претходно пријавен. Според него сите кои ќе ќе скокаат по крстот треба да се придржуваат на правалата од здружението, и од црвениот крст. Тој открива дека со пријавата сите кандидати добиваат упатства како да постапат за не се дојде до несакани последици.
За сигурноста на капачите, но од длабината на езерото како и секоја година така и оваа ќе внимаваат и нуркачите.
На пристаништето пак екипите на Црвениот крст како и секогаш во полн состав. Претседателот на Црвениот крст Сашо Точко открива дека тие поставија четири шатори од кои еден за крводарителите, друг за медицинските екипи кој ќе биде поставен пред споменикот на Св Кирил и Методи, потоа друг шатор кој ќе место каде капачите ќе можат да се пресоблечат и уште една кој ќе биде поставен на ќошето пред споменикот на Св Наум во кој повторно ќе има медицински екипи кои ќе помогнат и делуваат при евентуални повреди.
Прогнозата за утре е дека нема да врне, но ќе има ветар со што езерото ќе биде разбанувано. Точко апелира до сите капачите кои ќе скокаат по крстот, прво да се преиспитаат себеси и своите потенцијали, поточно дали се подготвени да пливаат во вода од 9 и пол степени целзиусови, а температурата на воздухот околу 0.
„Пропозициите ги кажавме сите и посебно ќе внимаваме на делот капачи да не влегуваат пред фрлањето на крстот затоа што делот е видно одбележан и затоа апелирам до сите, тоа да го почитуваат и да не се страмиме на овој празник и да внимаваат да носат обувки на нозете за секој случат и да внимаваат да не конзумираат алхохол“, вели претседателот на Црвениот Крст,Сашо Точков.
Точко уште еднаш ги повика сите оние кои се пријавиле да скокаат по светиот крст, но и сите оние утре ќе се капат за здравје, вечерва да дојдат во шаторите на Црвениот крст и да ги направат прегледите каде ќе им измерат притисок, ќе ги советуваат но и ќе им земат анамнеза, за утре да бидат сигурни дека може да скокаат по крстот.
{loadposition content9}