Skip to main content

Искршена скулптурата јагула на плажата Куба Либре

Искршена скулптурата јагула поставена на плажата Куба Либре.

 |  Валентина Неловска  | 
jagula
jagula

Искршена скулптурата јагула поставена на плажата Куба Либре. Оваа скулптура долга 172 метри поставена на овој простор од мај 2011 година е туристичката атракција за градот. Сега глетката оддава тажна слика на еден вандалски чин со кој се покажува негрижата на поединци  кон општественото добро. Ваквите вандалски однесувања се се повеќе зачестена општествена појава. На овој потег пред нешто повеќе од еден месец на шетачката патека кон Горица настрада и „Паркот на пријателството“. Тогаш беа искршени поставените мермерни  плочи со имињата на збратимените градови со Охрид. Страдаат клупите во парковите и останатите реквизити, детски игралишта, улични светилки.  Граѓаните не остануваат рамнодушни кон ваквите уништувачки појави.  Не го оправдуваат уништувањето и повикуваат на поголема култура во однесувањето кон она што е поставено.
skulptrura

Вандалскиот чин врз скулптурата јагула досега не бил пријавен до надлежните институции. Информација дека  скулптурата е уништена  нема ни во полиција, ни во Локалната  самоуправа.
Општината ја доби скулптурата како донација од македонскиот бизнисмен Зоре Темелкоски, а ја изработи охридскиот уметник Сергеј Цингулоски.
Изложбата  на скулптурата јагула беше  во јули 2010 година, во рамките на одбележувањето на јубилејното 5 децениско постоење од „Фестивалот Охридско лето“.  Јагулата е изработена во специјална техника во дрво и со својата должина од 172 метри претендираше за Гинисовиот рекорд како најдолга скулптура во светот.
10 месеци по затварањето на изложбата, скулптурата јагула беше отстапена  во сопственост на градот. Од општина Охрид информираат дека по увидот на вандалскиот чин ќе донесат одлука кога ќе биде санирана искршената скулптура.

{loadposition content9}