Во пожарите во Калифорнија уништени над илјада куќи
Повеќе од 1.000 куќи, од камп приколки до вили вредни повеќе милиони долари, се уништени, а 50 илјади луѓе морале да ги напуштат своите домови поради пожарите кои веќе четврти ден беснеат во јужниот дел на Калифорнија.
| Крсте Голабовски | Свет
пожари
Повеќе од 1.000 куќи, од камп приколки до вили вредни повеќе милиони долари, се уништени, а 50 илјади луѓе морале да ги напуштат своите домови поради пожарите кои веќе четврти ден беснеат во јужниот дел на Калифорнија.
Едно од најтешко погодените подрачја е паркот со камп приколки во областа Силмар во Лос Анџелес, каде во текот ноќта се уништени 500 приколки, а полицијата трага по повозрасните жители и лицата со инвалидитет, за кои стравува дека можеби не успеале на време да побегнат од огнената стихија.
„Огнот се прошири во овој парк толку брзо, што немаше начин да се спречи. Тоа беше како палење со ќибрит“, изјави на прес-конференција гувернерот на Калифорнија, Арнолд Шварценгер.
Официјални претставници тврдат дека пожарите уништиле повеќе од 8.000 хектари шума северно од Лос Анџелес, како и во близина на Санта Барбара, каде многу познати личности имаат куќи.
Причините за пожарите во кои се повредени најмалку 13 лица се уште не се познати.
Повеќе од 40 илјади луѓе морале брзо да ги напуштат домовите северно од Лос Анџелес, каде пламените јазици достигнувале висина и по неколку стотици метри.
Здравствените служби упатија апел до повозрасните лица и децатра да не излегуваат од куќите поради густиот чад во воздухот. Претставникот на противпожарната служба на областа Лос Анџелес, Сем Падиља истакна дека јачината на силниот ветер, кој вчера ја ограничувал употребата на авионите за гаснење на пожарите, почнува да се намалува.
Минатата година во пожарите во Калифорнија загинаа осум лица, оштетени беа 2.000 куќи, додека 500 илјади жители беа евакуирани.

{loadposition content9}