Охриѓани слободни стрелци
Охриѓани слабо заинтерсирани да дадат поддршка на народната иницијатива Аман за измени во Законот за енергетика.
Охриѓани слабо заинтерсирани да дадат поддршка на народната иницијатива Аман за измени во Законот за енергетика. Охриѓани во споредба со граѓаните од останатите градови во земјава не покажале голем интерес да ја поддржат иницијативата. Со таквиот однос одаваат впечаток на слободни стрелци некој друг да им ја заврши работата, а тие да ги користат придобивките. Од почетокот на иницијативата за собирање потписи па досега само 256 охриѓани го ставиле својот потпис на иницијативата. Овој број е многу поголем во останатите градови како што се Битола, Прилеп , Скопје, Куманово каде се собрани и по 1600 потписи од граѓаните, информира активистот на Аман, Зорица Димоска. Од Аман потенцираат дека покрај барањата за враќање на цената на струјата и парното од 2008 година и повторно воведување на тарифата дневна ефтина струја, имаат и уште неколку клучни барања кои ќе влијаат поволно на семејниот буџет.
„ Бараат да се укине ставката „ангажирана моќност од 33 проценти“ во сметките за струја, да се врати цената на парното на нивото од 2008 година, итно да се повлече новиот Правилник на АД Топлификација, да се намалат цените на нафтените деривати во согласност со стандардот на живеење, да се запре со приватизација или докапитализација на целосниот енергетски сектор во сопственост на Република Македонија, да се инвестира во одржливи извори на енергија, геотермална енергија, енергија на ветер и соларна енергија“.
Од народната иницијатива АМАН се задоволни од досегашниот тек на граѓанската поддршка којa има за цел да се измени Законот. Граѓаните кои почувствувале потреба го дале својот потпис, за основното барање на Аман, достоинствено плаќање на сметките за струја.
„ За да може да го смениме Законот, според член 71 од Уставот на РМ, ние треба да собереме 10.000 потписи. Имаме некаде околу 11.000 потписи и одзивот е задоволителен, но добро е и Охрид да се разбуди“, укажува Димоска.
Иницијативата на Аман ќе трае уште три дена, а граѓаните кои сакаат да ја дадат својата поддршка за законските измени својот потпис може да го дадат во подрачните единици на Министерството за правда. Собирањето на потписите завршува на 27 јануари.
{loadposition content9}