Охрид низ времето
Низ 35 фотографии на места и објекти низ градов фатени низ објективот на фотоапаратот пред петнаесетина години и денес може да се види како градот растел и се менувал низ времето. Во куќата на Робевци поставена е изложба на документаристички фотографии кои се сведок за едно време што минало.
Охрид понапред. Ова е насловот на изложбата на документаристички фотографии на нашиот сограѓанин, Никола Митровиќ. Низ 35 фотографии на места и објекти низ градов фатени низ објективот на фотоапаратот пред петнаесетина години и денес може да се види како градот растел и се менувал низ времето. Митровиќ идејата за ваков вид фотографија ја добил од својата професија. Тој е историчар архивист, а архивистиката се занимава со документите. Митровиќ вели дека фотографијата е еден многу важен документ од кој можат да се добијат многу податоци.
Промоторот Зоран Велјаноски Летра вели дека Охрид е град кој секој патник намерник кој поминувал оттука сакал некако да го овековечи за да се задржи она волшебното и мистичното.
Тој потенцира дека оваа изложба побудува носталгични чувства и дека овие фотографии ќе бидат поттик за помладите генерации кои го овековечуваат мигот преку фотоапарат да го прават тоа почесто, бидејќи времето кое сега го живееме еден ден ќе биде минато, а нашите деца и поколенија би сакале тоа да го видат.
Инаку, искуството покажува дека во архивите многу тешко можат да се најдат стари фотографии. Дури полесно е да се најде фотографија од 1840 отколку од 70, 80 и 90 год од минатиот век. Токму затоа фотографиите од оваа изложба добиваат на значење за некои идни времиња и генерации.
{loadposition content9}