Skip to main content

Други зборуваат за програмите за 2013

Струшките советници револтирани. Тие се налутија поради тоа што изготвувачите на програмата за 2013 на ЈП „Комунално“ и МЈП Проаква“ не присуствуваа на седницата каде се носи нивната програма.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica
седница

 

Струшките советници не попуштаат. struski sovetНиту пред истекот на нивниот мандат, кога станува збор за забелешки кои според нив  се од суштинско значење за граѓаните, на денешната 48 редовна седница тие го изразија својот револт поради неприсуството на изготвувачите на програмата за 2013 год, од двете ЈП „Комунално“ и МЈП „Проаква“. Љуљзиме Зулали од ДПА вели дека ваквиот однос од нивна страна е крајно несериозен, посебно посочувајќи го ЈП „Комунално“, за кое претпријатие имала неколку сериозни забелешки и не е задоволна од одговорот на нивниот претставник. Зулали посебно го посочи проблемот со неисплатени отпррмнини и нови вработувања во ова јавно претпријатие.

„Немаме никакво укажување колку е таа опремнина и за колку граѓани не се исплатени опремнини од ЈП Комунално затоа барав објаснување, бидејќи имаме сознание дека повеќето што се на технолошки вишок немаат добиено опремнина како што кажа и претставничката на ЈП. Не сум задоволна од одговорот на претставничката бидејќи според мене треба прво да се исплати опремнината а после да се вработуваат нови лицa“-потенцира Зулали.

struski sovetПретставникот на ЈП „Комунално“, Струга, Жаклина Ќушкоска се обиде да ја претстави реалната слика во претпријатието околу забелешката за надоместокот на опремнина на лицата кои се водат како технолошки вишок. Таа признва дека проблемот е евидентен, но дека истиот со тек на време ќе биде надминат.

„Има заостанати месеци, јас не викам дека комплетно до последниот месец има исплата, дел кој што навремено не им се исплатија поднесоа тужби до судот имаме и правосилни пресуди кои треба да се исплатат“-признава Ќушкоска.

Ќушкоска намерно или не, испушти да одговори за новите вработувања во ЈП кое го претставуваше, па оттука можеби произлезе и незадоволството од таквиот одговор кај пратеничката Зулали. Како и да е исплататата на парични средства во ЈП „Комунално“ Струга се јавува како хроничен проблем, поради кој вработените во неколку наврати минатата година го подигнаа гласот против раководните структури во ова претпријатие и излегоа на штрајк.

{loadposition content9}