Skip to main content

Црвениот крст на Македонија ја одбележува Неделата за грижа на старите лица

Црвениот крст на Македонија под мотото „За достоинствена старост“ од денеска до 23 овој месец ќе ја одбележи Неделата за грижа на старите лица.

starci
старци
Црвениот крст на Македонија под мотото „За достоинствена старост“ од денеска до 23 овој месец ќе ја одбележи Неделата за грижа на старите лица.

Целта е да се побуди чувството кај луѓето за потребната грижа на старите и изнемоштени лица, посебно да се создаде навика кај младите за помогање и водење на поголема грижа за старите лица.

starci na oroВо текот на Неделата преку општинските организации на Црвениот крст ќе бидат организирани предавања за соодветни здравствени совети на старите лица, организирано мерење на шеќерот во крвта и крвниот притисок, посета во домовите за стари лица и.т.н.

Сите заинтересирани можат да се вклучат и да дадат поддршка на овие активности, како и да помогнат во обезбедување на помош во храна, средства за хигиена и друго.

 

{loadposition content9}