Skip to main content

Аптекарски станици или мобилни возила ќе ги снабдуваат селата со лекови

Недостатокот од аптеки во селските населби ќе се решава со заживување на аптекарските станици или мобилни возила.

 |  Валентина Неловска  | 
лекови
лекови

Недостатокот од аптеки во селските населби ќе се решава со заживување на аптекарските станици или мобилни возила. Жителите од селата се без аптеки додека во  минатото во македонските села функционираа аптекарски станици во кои  работеа фармацевтски техничари. Сега, станиците  би се реактивирале и би работеле во рамките на државниот сектор.  Доколку со овој начин не се успее да се реши  проблемот на жителите од селските населби, за да не поминуваат и по 50 километри за лек во градовите,  се планира примена на уште една можност. Со набавка на мобилни, теренски  возила ќе се снабдуваат селата со лекови, ги најавува новините во оваа сфера директорот на Бирото за лекови, д-р Илчо Захариев. Доктор и фармацевт, во склоп на итната медицинска помош заедно ќе патролираат на терен најпрво во селата во скопско. По искуствата од ваквата  пракса се планира возила да  се набават и за останатите села низ земјава, посочува  д-р Захариев.

аптека„ Од март ќе се распише тендер за специјално возило кое ќе има околу  150 лекови за сите болести , посебно за хроничните болни. Ќе видиме како ќе профункционира, лекар и фармацевт  ќе ги прегледуваат болните, ќе препишуваат и издаваат терапија. Тоа ќе е бенефит за пациентите од руралните средини, да имаат лекови од позитивната листа со мала партиципација“, вели д-р Захариев.

Од Бирото за лекови размислуваат како на највисок степен да ги заштитат аптеките при најавените ноќни дежурства. Аптеките имаат лекови од специфични групи, опојни дроги и психoтропни супастанци, вели д-р Захариев. Ноќе по лекови не доаѓаат само стари лица и хронични болни, па мора да се размислува за највисок степен на заштита на фарамцевтите. Аптеките не можат да си дозволат ангажирање на приватни агенции за обезбедувања, укажува д-р Захариев, директорот на Бирото за лекови.

„ Безбедноста на аптеките мора да е загарантирана со дежурства на органите за внатрешни работи. Има случувања каде што аптеките се мета на напади од зависници. Вработените стравуваат за својата безбедност. Сакаме да напрвиме добро ама фармацевтите да не се изложуваат на ризик. По направената анализа, како се ќе функционира, ќе ги преземеме сите мерки за безбедност“, категоричен  е Захариев.   

 За најавените дежурства, според Захариев  најидеално решение ќе беше тие да функционираат во Здравствените домови. Првиот човек на Бирото за лекови додава дека  искуствата засега покажуваат дека нема многу пациенти кои купуваат лекови ноќе, па дури и дека во некои градови нема традиција аптеките да работат ноќе. Во земјава функционираат 900 аптеки.

{loadposition content9}