Средба Црвенковски – Груевски
Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски денеска ќе одржат средба на која ќе стане збор за прашања од заедничка надлежност на шефот на државата и на Владата.
Црвенкоски Груевски
Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски денеска ќе одржат средба на која ќе стане збор за прашања од заедничка надлежност на шефот на државата и на Владата.
Средбата, како што е најавено, треба да се одржи напладне, во кабинетот на претседателот на државата.
Нема потврда дека на средбата ќе се разговара за назначувањето нов специјален претставник на Македонија во разговорите за разликите околу името со Грција што се водат со посредство на ОН, по одлуката на претседателот Црвенковски да го разреши Никола Димитров.
Владата на Република Македонија вчера ги оцени како неточни информациите во некои медиуми дека новиот преговарач за името ќе се избира меѓу Зоран Јолевски, Благој Ханџиски и Ѓорѓи Иванов.

{loadposition content9}