„Апетитите“ на Азаренка
Младата белоруска тенисерка Викторија Азаренка после финалето во Мелбурн нема намера да застане со добрите резултати.
Белоруската тенисерка Викторија Азаренка (23) го освои првиот Грен слем оваа сезона, Отвореното првенство на Австралија Опен 2013, нејзин втор трофеј во кариерата од ова натпреварување, а тука нема намера да застане со добрите резултати.
Со победата над На Ли во финалето во Мелбурн, Белорусинката и прва тенисерка на светот (ВТА) ја одбрани титулата на АО од ланската година.
“Навистина сум среќна, но беа тоа помалку чудни солзи радосници. Тежок е патот до освојување на Грен слем, мора да се даде огромен кредит на секој кој ќе освои еден или два, не е важно. Амбициите секогаш растат после секоја остварена победа. Мелбурн е минато, дефинитивно не сакам да застанам тука, посакувам што повеќе трофеи“, рече Азаренка.
{loadposition content9}