Се знае името на новиот болид на Ferrari
Ферари го крсти болидот за новата сезона во Формула 1 со името F138 во чест на V8 моторите.
лого
Ферари го крсти болидот за новата сезона во Формула 1 со името F138 во чест на V8 моторите. Бројот 13 е вклучена пред 8 поради оваа календарска година, објавија официјално од Скудерија.
Осумцилиндарските мотори кои се користат од 2006 година наваму, ќе бидат заменети следната година со 1.6 литарски турбомотор со шест цилиндри.
Новиот болид на Скудерија ќе биде официјално претставен на јавноста овој петок во Маранело од пилотите на тимот Фернандо Алонсо (Шпанија) и Фелипе Маса (Бразил).Сезоната во Формула 1 стартува на 17 март со Големата награда на Австралија на патеката “Алберт Парк” крај Мелбурн.
{loadposition content9}